Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност - Канал 5

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност, активно придонесуваме во дискусиите и носењето одлуки.

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност, најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет и важен предуслов за благосостојба на граѓаните. Ние не сме повеќе објект во гео-политичките дискусии, сега сме субјект кој активно придонесува во дискусиите и во носењето на одлуки по сите прашања. Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении. Важно е Армијата да се модернизира, да ги модернизираме нашите капацитети и да вложуваме во човечкиот потенцијал.

Ова беа главните пораки од денешната трибина „Пет години членство на Република Северна Македонија во НАТО: Постигнувања, перспективи и предизвици“, што се одржа во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Дипломатскиот клуб - Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста.

Министерот за одбрана Владо Мисајаловски во своето обраќање денеска на трибината нагласи дека ние како земја имаме две стратешки цели, НАТО и ЕУ.

-После овие 30 години, се уше сме надвор од ЕУ семејството, се уште сме во чекалната. Дадовме многу жртви. Како држава, дадовме многу од нашиот идентитет, промена на име, промена на знаме, промена на банкноти и многу отстапки кои се случувале изминатите години. Да, сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека ние сме сериозна земја членка од 2008 година. И тогаш беше нашето место во НАТО. Сега седиме еден до друг, имаме право да си го кажеме нашето мислење, но секој од вас е заслужен што Македонија е во НАТО, рече Мисајловски.

Како што посочи, она што е обврска за нас и она што сме го добиле од НАТО, ќе го исполнуваме. Тој напомена дека 32 проценти од нашиот буџет оваа година, се директно одвоени за модернизација.

-Пред нас се сложени времиња. За жал, на европското тло има повеќе од три години војна, но не само на европското тло, туку и надвор од границите на континентот имаме загрижувачка безбедносна ситуација. Она што е важно за нас како држава, е да имаме над 2 проценти буџет, во овој момент тоа го имаме. Треба да се разговара и за регионалниот пристап, треба да се разговара што е најпотребно за нашата Армија, но исто така и да помагаме на сите наши сојузници и пријатели. За да бидеме едно големо семејство, треба да ги достигнуваме сите оние постапки што ги прават големите земји во НАТО, додаде Мисајловски.

Тој информираше дека редовно се исплаќаат сите средства на сите војници, на сите офицери и тоа така ќе продолжи. Напомена дека Министерството паралелно ќе издвојува средства и за нивните капацитети, а паралелно и ќе се модернизира.

-Моментално го имаме најголемиот буџет во Министерството за одбрана во овие децении и максимално ќе се посветиме, целосно да помагаме во човечките ресурси, но исто така да ги подобруваме нашите капацитети. Голем број на нашите капацитети што ги има Министетсвото за одбрана, но и во Армијата, се за жал во лоша состојба. Кога треба да бидеме еднакви на масата и да седиме со другите земји членки, треба да одвојуваме средства и за овие објекти. Согласно НАТО потребата, ние треба да издвојуваме 20 проценти од нашиот буџет за модернизирање. Навистина, оваа година ќе има многу проекти кои ќе ги реализираме, додаде министерот.

Потсети на објавените огласи за прием на 300 нови професионални војници и 10 подофицери во Армијата, при што најави и дека ќе има дополнителни интерни огласи за унапредување на Армијата.

-Најважно е да имаме здрави војници, да имаме луѓе кои ја сакаат Македонија и гордо ќе застанат во првите редови, да ги почитуваме бидејќи тие се вистинските херои на нашата татковина, додаде Мисајловски.

Генералот во пензија, Павле Арсоски во своето обраќање денеска на трибината потенцира дека членството во НАТО како стратешка цел секогаш имало силна поддршка од граѓаните и широк натпартиски, меѓуетнички и општествен консензус.

-Придонесот во меѓународните операции е во духот на стратешките определби на државата за придонес кон глобалниот мир и безбедност и претставува уште една потврда за подготвеноста за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. Македонија како една од поновите членки на Алијансата веќе ги исполнува целите што НАТО ги постави на самитот во Велс во 2014 година. Тогаш членките на НАТО се обврзаа во следната деценија да достигнат одвојување

од најмалку 2 отсто од нивниот бруто-домашен производ (БДП) за одбрана и најмалку на 20 отсто од буџетот за одбраната за нова опрема и модернизирање на одбранбените сили, додаде Арсоски.

Тој информираше дека нашата држава во минатата година инвестирала 2,05 отсто од БДП за одбрана, или 327 милиони евра. За споредба, во 2023 за одбраната се издвоило 1,85 отсто од БДП, а во 2022 година 1,57 отсто од БДП.

-Сепак сведоци сме дека и 10 години по НАТО самитот во Велс, 1/3 од државите членки сеуште го немаат достигнато тоа на што се обврзале. И годинава, исто како и минатата, речиси една третина од буџетот за македонската одбрана е наменет за модернизација и опремување на Армијата процес кој започна пред отприлика пет години и е во напредна фаза, со што се исполнува и критериумот за зацврстување на капацитетите на националната и колективната одбрана на НАТО. И ова не останува незабележано. Сојузниците го поздравуваат напредокот на Македонија и ја охрабруваат земјата да продолжи да ја развива одбраната, додаде Арсоски.

Тој напомена дека улогата на НАТО во поддршка на Украина во овие критични времиња е од клучно значење, потенцирајќи дека нашата држава сочувствува со украинскиот народ во оваа агресија од страна на Русија.

-Новата американска администрација во изминатите 2 месеци инсистира на значително зголемување на инвестициите во одбраната и способностите од страна на европските членки на НАТО, најавува намалување на американското присуство на европскиот континент, упорно и одлучно презема мерки за брзо завршување на војната во Украина, наметнува такси и имаме трговска војна во зачеток... Се се тоа случувања кои од една страна предизвикуваат загриженост но од друга страна иницираат акција, напомена Арсоски.

Како што подвлече, трошоците за одбраната на Европа во рамките на НАТО со децении наназад, дури до 70 проценти ги покриваше САД.

-Тоа очигледно наскоро ќе се промени. Оние минимум 2 отсто инвестиции во одбраната прераснаа во потреба од 3-5 отсто. ЕУ и европски членки во НАТО најавуваат околу 800 милијарди инвестиции во одбраната што е приближно еднакво на воениот буџет на САД. Во одредени држави се најавува враќање на задолжителна воена обука на сето машко население со цел изградба на резервен состав. Се најавува засилување на воено индустрискиот комплекс, инвестиции во нови одбранбени систем. Но јасно е дека нешто што се запоставувало со децении, нема да може да се надомести во една или две години. И ова само почеток на повторното вооружување на Европа, омасовување на европските армии и воспоставување на баланс во однос на Русија, рече Арсоски.

Генералот во пензија, Илија Николовски, во своето обраќање рече дека пристапување на државата во НАТО претставува важен и историски чин во реализацијата на нашата стратешка цел, бидејќи за нас како мала земја, која се наоѓа на многу важна, чувствителна гео-стратешка положба, постигнувањето на оваа цел е од особена важност.

-Пристапување на државата во НАТО претставува важен чин затоа што нашето непосредно опкружување се соочува со многу неизвесни предизвици, како што се меѓународен тероризам, шверц и пролифирација на оружје, хибридни закани и сајбер напади. Затоа, заедно со останатите членки на НАТО, здружени заедно, можеме успешно да се бориме против овие неизвесни закани. Секако, најголемата сатисфакција претставува официјалниот прием на Република Македонија во НАТО. Нашата земја стана дел од најмоќната воено политичка сила во светот, а македонското знаме, почнува да се вее заедно со знамињата на САД, Велика Британија, Германија, Франција и останатите демократски светски сили, рече Николовски.

Тој подвлече дека зачленувањето во НАТО е и политичко и безбедносно прашање за сите граѓани. Тоа, како што посочи, претставува процес кој длабоко и суштински се одразува на севкупниот живот, на иднината на секој граѓанин на државата, како и на идните генерации.

-Со зачленувањето во НАТО, еднаш засекогаш ја гарантираме безбедноста на нашите граници, влегувањето во најмоќниот сојуз во светот, како рамноправни со големите сили. Како полноправни и еднакви членки на НАТО земји, носиме геостратегиски одлуки за својата иднина и иднината на нашите деца, рече Николовски.

Почнува Евровизија 2025- ќе има нов начин на прогласување на финалистите и правила за гласање

Вечерва, 13 мај, во Базел официјално започнува Евровизија 2025, 69-та по ред, а фановите ширум светот веќе планираат вечер полна со музика, спектакл и страсно гласање.

Почнува Евровизија 2025- ќе има нов начин на прогласување на финалистите и правила за гласање

Доколку сте меѓу оние кои сакаат да бидат подготвени за ова музичко натпреварување, еве комплетен водич за тоа како да го следите натпреварувањето, да гласате за вашите омилени и да дознаете за големите промени во начинот на кој се објавуваат финалистите.

Како да ја гледате Евровизија 2025?

Сите три вечери – двете полуфиналиња и големото финале – ќе бидат емитувани во живо на националните телевизиски станици во земјите учеснички, како и преку нивните веб-страници и услуги на барање. Освен во Европа, шоуто ќе се емитува и во многу други делови од светот, бидејќи на крајот на краиштата, ова е најголемото музичко натпреварување на планетата.

Она што е особено интересно е што Евровизија 2025 ќе ја емитуваат и некои земји кои не се натпреваруваат оваа година, вклучувајќи ги: Македонија, Монако - кое ќе го емитува натпреварот за прв пат од 2007 година, Молдавија, Соединетите Американски Држави.

Ова е одлична вест за фановите од овие земји, бидејќи ќе можат да уживаат во спектаклот иако немаат претставник на сцената.

Доколку ви е полесно да гледате онлајн, официјалниот YouTube канал на Евровизискиот натпревар исто така ќе го емитува настанот, со ограничувања во некои региони.

Како да гласате?

Како и во претходните години, во полуфиналето гласа само публиката, од земјите што учествуваат таа вечер, плус три земји од „големата петорка“ и домаќинот, а особено остатокот од светот, за гледачите од земјите што не учествуваат во натпреварувањето.

Ако вашата земја е во полуфинале, можете да гласате само во тоа полуфинале.

Доколку доаѓате од земја која не учествува оваа година, можете да гласате онлајн преку www.esc.vote или апликацијата.

За вас, гласањето започнува на полноќ на денот на полуфиналето и трае до почетокот на преносот во живо. После тоа, паузира и повторно се отвора 18 минути по завршувањето на последната песна.

Земји учеснички: Гласате само во полуфиналето во кое учествува вашата земја. Земјите кои се квалификувале директно за финалето (Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Швајцарија) ќе бидат пласирани во едно од двете полуфиналиња каде што ќе можат да гласаат. Гласањето трае приближно 18 минути по последната песна. Можете да гласате до 20 пати. Земји кои не учествуваат: Гласањето за вас започнува порано – на полноќ на денот на полуфиналето и трае до почетокот на преносот во живо, а потоа се отвора повторно по последната песна.

Во големото финале, правилата се слични, но гласањето трае подолго – се отвора пред првата песна и останува отворено околу 40 минути по последната изведба.

Големи вести - поинаков начин за објавување на финалистите

Најинтересната промена оваа година доаѓа во начинот на кој се објавуваат полуфиналистите. Организаторите одлучија дополнително да ја зголемат тензијата со воведување на поделен екран.

Како ќе изгледа тоа?

Пред секое објавување (освен последното), на екранот ќе бидат прикажани три изведувачи, но само еден од нив ќе продолжи во финалето. Ниту една земја нема да биде прикажана повеќе од три пати во текот на овој процес, за да се обезбеди рамномерна застапеност и да се избегне фаворизирање. Идејата е да се даде повеќе простор на делегациите и изведувачите, а помалку простор само на водителите на шоуто.

Ова не е прв пат да се експериментира со форматот на прогласување. Да се ​​потсетиме на 2023 година во Ливерпул, кога изведувачите стоеја сами на сцената за време на генералната проба додека беа објавувани резултатите - концепт кој беше критикуван за додавање дополнителен стрес кај натпреварувачите и брзо беше повлечен, и пред преносот во живо и по петиција од фановите.

Организаторите велат дека новиот метод од 2025 година има за цел да постигне подобра рамнотежа помеѓу тензијата во шоуто и почитта кон изведувачите.

Вечерва состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва закажа состанок на најтесното партиско раководство по одлуката на Таравари да ја напушти владината коалиција...

Вечерва состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето е Маја Стојановска, Маја дали може да се очекува да биде избран наследникот на Таравари во Владата?

YouTube video

Бугарскиот парламент го одби предлогот на Радев за референдум за еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.

Бугарскиот парламент го одби предлогот на Радев за референдум за еврото

Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.

„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.

Владата го критикуваше тоа, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.

Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој не е во согласност со неколку членови од бугарскиот устав и договорот за ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.

Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.

Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.

притисни ентер