Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
2Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
МакедонијаЧленовите на Комисијата за надзор на АНБ и АР со безбедносен сертификат денеска ќе ја посетат АНБ, а утре АР Членовите на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) кои имаат безбедносен сертификат ќе ја посетат АНБ и ќе ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени. Ова денеска беше одлучПратеничката од Левица Јована Мојсоска на почетокот на седницата нагласи дека нема да гласа за оваа точка, бидејќи како што рече, во мандатот на новиот директор на АНБ има злоупотреби и дека се повторува праксата пратениците од опозицијата да не можат да добијат безбедносен сертификат, државна тајна. -Конкретно јас пред повеќе од шест месеци имам поднесено барање за безбедносен сертификат државна тајна иако Законот за класифицирани информации децидно предвидува дека треба да добијам одговор во рок од шест месеци, јас немам добиено одговор на моето барање. Не знам дали тоа е можеби од некој политички реваншизам затоа што Левица прва го обелодени скандалот со дипломата на директорот на АНБ, па сега поради тоа јас не можам да ја вршам мојата пратеничка функција, истакна Мојсоска. Членот на Комисијата и пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, истакна дека како претставник на СДСМ и опозицијата ќе го поддржи надзорот на АНБ и АР. Потенцира дека е должна да ја извести јавноста дека класифицираните информации, доколку Агенцијата остане на ставот дека истите не треба да бидат класифицирани, нема да можат да бидат поделени деталите со јавноста. -Нема да можеме да дадеме одговор на десетиците прашања, кои изминатиов период со право беа поставувани од разни чинители. Но, сепак и во такви услови, реков дека ќе учествуваме во надзорот на АНБ и Агенцијата за разузнавање, рече Петровска. Со Комисијата претседаваше пратеникот Блерим Беџети. Членовите на Комисијата покрај надзорот во АНБ за утре во 12 часот донесоа одлука да ја посетат Агенцијата за разузнавање. Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компанииЕкономскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари. Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места. ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвтобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер. Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри. Меѓу загинатите, наводно, има и деца. Некои од патниците биле заробени во уништеното возило. Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.Тагови: автобус Зеленортските острови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
СветВиткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar. Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“. Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив. Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter