Членови на изолирано племе со стрели убиле Американец - Канал 5

Членови на изолирано племе со стрели убиле Американец

Членовите на заштитеното племе Сентинел , кои живеат на изолираните острови Андаман и Никобар со лакови и стрели го убиле американскиот турист Џон Ален Чау (27).

Членови на изолирано племе со стрели убиле Американец

Во моментот кога Американецот стапнал на островот Сантинел бил заплиснат со стрели од домородците. Тој со рибарски чамец пловел околу островот , за потоа да се префрли во кану и самиот да дојде до брегот.

На островот инаку им е забранет пристап на туристи и општо на странци со цел да се зачува автентичниот живот на племето , како и да се одбранат од болести. Полицијата , сепак го смета за убиство нападот врз туристот и уапсила седум члена од племето.

Чау себеси се сметал за мисионер и претходно веќе го посетил островот Сантинел .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на Владата

Реакциите на граѓаните не стивнуваат ниту оваа вечер: крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на владата. 

Крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итно вклучување на Владата

Крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини. Видеоматеријалите што ги доставуваат сограѓаните ја документираат состојбата и ја нагласуваат потребата од итно постапување.

Граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив проблем, се наведува во информацијата што до нашата редакција ја испрати жителка на Крива Паланка.

Кравите слободно се движат и во околината на крива Паланка, каде ги уништуваат насадите на нивите и во градините на жителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

3 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Крушево, 6 Лазарополе, 8 Берово, 10 Крива Паланка, Прилеп, Тетово, 11 Скопје - Зајчев Рид, Виница, Штип, 12 Скопје - Петровец, Претор, Битола, Кавадарци, 13 Велес, Демир Капија, 14 Охрид, Струмица, 17 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде

Вселенската опсерваторија „Свифт“ на американската вселенска агенција НАСА треба да влезе во атмосферата на Земјата денеска, односно да „падне од небото“. 

Опсерваторијата на НАСА од 1,5 тон во наредните неклолку часа ќе падне на Земјата, не се знае точно каде

Точното време на повторното влегување сè уште не е познато, но проценките сугерираат дека тоа ќе се случи во наредните часови.

Тековната позиција на Свифт може да се следи на веб-страницата N2YO.com. Моментално е на надморска височина од околу 160 километри.

Вселенското летало од 1,5 тони помина речиси 22 години набљудувајќи експлозии на гама-зраци. Сега се очекува повторно да влезе во атмосферата на Земјата, создавајќи огнена топка што би можела да биде видлива дури и на дневна светлина.

Поголемиот дел од Свифт ќе изгори за време на повторното влегување, но некои од деловите од волфрам и огледало на опсерваторијата може да го преживеат согорувањето.

НАСА се обиде да го спаси Свифт. Во јули, „Каталист Спејс“ лансираше роботско вселенско летало наречено LINK за ​​да се сретне со Свифт и да го подигне во повисока орбита. Таа мисија не успеа. Во меѓувреме, сончевата активност ги „разнесе“ горните слоеви на Земјината атмосфера, влечејќи го Свифт надолу многу побрзо од очекуваното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер