Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии - Канал 5

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Продолжува успешната соработка помеѓу Македонската банкарска асоцијација и Министерството за финансии, соопштија од МБА. 

Членките на Македонската банкарска асоцијација се сретнаа со министерот за финансии

Денес, претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со мининстерот за финансии, д-р Фатмир Бесими.

Во официјалниот дел се обрати министерот за финансии кој истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор и тоа преку полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги.

Тој посочи и дека е добро што во услови на криза финансискиот систем остана стабилен.

„Нашиот банкарски сектор покажа уште еднаш дека е резистентен. Адекватноста на капиталот изнесува 17%. Ликвидната актива изнесува 30% во однос на вкупната актива и ниско учество на лошите кредити од 4,7%, како и остварена добивка во првата половина од годината, која што е природен извор на нов капитал, банкарскиот систем е доволно силен да апсорбира евентуални загуби предизвикани од кризата" – вели Бесими.

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова - Штериева, се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот на ковид – кризата до денес.

„Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките, штедилниците и банкарскиот систем." – истакна Стевкова-Штериева.

Во работниот дел се дискутираше за Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, платежните картички за граѓаните како дел од четвртиот пакет за економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 како и други теми од заеднички интерес.

Во време на најголема глобална економска криза во последните децении, воспоставената успешна соработка ќе продолжи преку заеднички состаноци на квартална основа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер