Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни - Канал 5

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

 Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) даде зелено светло за промена на статусот на волците во Унијата, со што европското законодавство се усогласува со измените на Бернска конвенција.  

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со постигнатиот договор во Корепер се менува Директивата за живеалишта на животи на ЕУ, со што статусот на волците од „строго заштитени“ се менува во „заштитени“ животински видови.

Според Советот на ЕУ, целта на овие измени е „да се обезбеди поголема флексибилност во управувањето со популациите на волци во земјите членки на ЕУ“, со тоа што ќе се подобри коегзистенцијата, ќе се минимизира влијанието на зголемената волчешка популација и ќе се намалат социо-економските предизвици.

- Иако волците повеќе нема да бидат под статус на строго заштитени видови, земјите членки сепак треба да обезбедат поволен статус на зачувување на волците и да применуваат мерки за следење на состојбите што може да резултира со привремени или локални забрани за лов. Покрај тоа, финансирањето и поддршката од ЕУ се уште ќе бидат достапни за мерките за превенција, а во сила останува и државната помош за обесштетување на погодените земјоделци. Сепак, земјите членки се уште имаат можност да го третираат волкот како строго заштитен вид во нивното национално законодавство и да имаат построги мерки за негова заштита, посочи Советот.

Измените на статусот на волците од „строго заштитени“ во „заштитени“ животински видови ги предложи Европската комисија минатиот месец, иницирајќи промена на анексите IV и V од Директивата на ЕУ за живеалишта на животните, заради нејзино усогласување со ажурираната верзија на Бернската конвенција на Советот на Европа, што стапи во сила на почетокот на март.

По повод ваквиот предлог, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен тогаш посочи дека тој доаѓа во време кога глутниците волци во некои европски региони „станаа вистинска опасност, пред се за добитокот“.

- Предлагаме промена на законодавството на ЕУ што ќе им помогне на локалните власти активно да управуваат со популациите на волци, притоа штитејќи ги и биодиверзитетот и нашите рурални средства за живот, нагласи Фон дер Лајен.

Предлогот на Европската комисија уследи откако Постојаниот комитет на Бернска конвенција за зачувување на европскиот див свет и природните живеалишта, го прифати на Амандманот на ЕУ со кој статусот на волците во документот се намалува од „строго заштитени“ во „заштитени“ животини.

Амандманот на ЕУ го поддржаа сите нејзини земји членки, како и Северна Македонија, Андора, Грузија, Ерменија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Србија, Украина и Швајцарија. Против предлогот на ЕУ се изјаснија Албанија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Монако и Црна Гора, а Тунис и Турција беа воздржани.

Усвојувањето на Амандманот, Фон дер Лајен го оцени како „важна вест за нашите рурални заедници и земјоделци“. Прифаќањето на Амандманот беше оценето и како лична победа на Фон дер Лајен, имајќи предвид дека нејзиниот пони коњ Доли угина при напад од волк во 2022 година.

Сега останува по предлогот за промена на статусот на волците да се изјасни и Европскиот парламент, што се очекува да се случи во текот на следниот месец.

Бернската конвенција, која е усвоена во 1979 година, а стапи во сила во 1982-та, е меѓународен договор под покровителство на Советот на Европа што има за цел да обезбеди зачувување и заштита на дивите растителни и животински видови и нивните природни живеалишта.

За таа цел, Конвенцијата предвидува законски обврски на страните нејзини потписнички за заштита на над 500 видови растенија и повеќе од 1.000 диви животински видови.

Статусот на заштита на волците резултира со позитивен тренд за нивната популација, чија бројност се удвои за 10 години, од речиси 11.200 во 2012 година на околу 20.300 во 2023 година.

Но, оваа континуирано зголемување на бројот на волци доведе до социо-економски предизвици, како зголемен број напади врз добитокот во земјите членки на ЕУ. Според најновите достапни податоци, се проценува дека секоја година во ЕУ волците убиваат најмалку 65.500 грла добиток. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер