Чија е заслугата за новиот кружен тек во Чаир?

Кој се грижи за граѓаните, а кој сака да заработи политички поени ?

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов го пушти во употреба новиот кружен тек во Чаир и изјави дека Градот Скопје самостојно го финансирал овој проект, реагираше чаирскиот градоначалник Висар Ганиу кој кажа дека чаирчани преку даноците и придонесите имаат значаен проднес во полнењето на градскиот буџет.

Ганиу, кој денеска не одговори на нашите повици, вчера на Фејсбук напиша дека пофалбата на Шилегов е заради кој ја опфаќа и општина Бутел, покажува дека Шилегов не реализирал доволно проекти во Чаир, но и дека со ова сака да добие политички поени.

Скопскиот градоначалник Шилегов во изјава за Канал 5 потенцираше дека кружниот тек е инвестиција на Градот Скопје, а за недозразбирањата со Ганиу рече дека ќе разговара на работна средба веднаш откако тој ќе оздраве од коронавирусот.

Кружниот тек во Чаир е инвестиција вредна околу 20 милиони денари. Според Шилегов овој проект ќе им овозможи на граѓаните од овој дел од градот поголема безбедност во сообраќајот со оглед на тоа дека во околината има едно средно и едно основно училиште и поликлиниката Чаир.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана

Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

„На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски.

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

притисни ентер