Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера - Канал 5

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера

Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. 

Чибишев: Денот кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“ и наредните 30-ина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера

Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера - објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев.

На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со отровни гасови, а во периодот што следуваше поминаа и голем број пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

Тој наведува дека со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клиниката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.

„Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции, кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација. Бог да ги прости сите што ги изгубија животите. Господ да им даде сила на сите што изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму. Никогаш повеќе да не се повтори“, наведува Чибишев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Во вторник (12.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Вера Мештеровиќ.

„Гответе со Дракче“ - Мусака од макарони

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. мелено телешко месо

1 пакување макарони (пастицио)

1 главица кромид

1 морков

1 црвен домат

200 – 300 гр. доматно пире

300 гр. кашкавал

100 гр. пармезан

4 - 5 јајца

250 мл. млеко

маслиново масло по потреба

половина коцка путер

малку мускатно оревче

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Трајче е казнет затоа што не молчи.

Кузмановска: Криминалната ВМРО го казни претседателот на СДММ - Трајче затоа што не молчи!

Криминалната ВМРО и Мицкоски го прераспределија претседателот на СДММ од Штип во Берово или повеќе од 100 километри од неговото место на живеење до работното место.

Младите масовно се иселуваат а имаме обиди за замолчување на сите оние кои јавно зборуваат и избираат да не молчат.

Денеска е Трајче, а утре може да биде ској млад, секој од нас.

Од пред УЈП порачуваме, вие не го казнивте Трајче вие го казнивте правото младите слободно да мислат и слободно да зборуваат.

Но нема да молчиме, нема да не исплашите, нема да не замолчите.

Младите се против реваншизам, против, притисоци, против уцени и казни. Колку повеќе притискате, толку погласно ќе зборуваме.

Другар Трајче, со тебе сме.

Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Иницијативи за културна соработка и туристичка промоција на локалните самоуправи.

Делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот КИЦ во Загреб

Во рамките на студиската посета на Република Хрватска посветена на развојот на граѓанските енергетски заедници, делегација од шест македонски општини го посети и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и оствари средба со директорката Мими Ѓоргоска Илиевска.

Во состав на делегацијата беа градоначалниците на Битола, Кичево, Новаци и Демир Капија – Тони Коњановски, Александар Јовановски, Стевче Стевановски и Наталија Димитриева, секретарите на Куманово и Вевчани – Емилија Сларидис Јаневска и Зоран Радиноски, како и координаторот за енергетски проекти во Еко-свест, Жарко Конески.

Во текот на посетата се иницираа можности за продлабочување на соработката меѓу македонскиот КИЦ во Загреб и македонските општини. Посебен акцент беше ставен на промоцијата на општините како туристички дестинации преку претставување на нивното културно наследство, традиција, природни убавини и современи културни содржини, со цел зајакнување на културниот туризам и нивна поголема меѓународна видливост.

Во таа насока беа разгледани повеќе иницијативи и можности за заедничко организирање културни настани, изложби, презентации и други активности преку кои ќе се афирмираат културните и туристичките потенцијали на македонските општини пред хрватската јавност.

Македонскиот КИЦ во Загреб изразува благодарност до делегацијата што, и покрај својата студиска посета, одвои време да го посети КИЦ-от, при што ваквите средби се значајни за унапредување на взаемната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер