Чиа пудинг со свежи смокви – здрав појадок за енергичен ден - Канал 5

Чиа пудинг со свежи смокви – здрав појадок за енергичен ден

Доколку барате балансиран, лесен и хранлив појадок кој ќе ве освежи и засити во исто време – чиа пудингот со свежи смокви е совршен избор. 

Чиа пудинг со свежи смокви – здрав појадок за енергичен ден

Овој едноставен оброк е идеален за летните утра, богат со растителни влакна, омега-3 масни киселини, антиоксиданси и природни шеќери. Смоквите, како сезонско овошје, му даваат слатка и ароматична нота која одлично се спојува со кремастата текстура на пудингот.

Состојки (за 2 порции):

4 лажици чиа семе

250 мл растително млеко (бадемово, кокосово, овесно или по желба)

1 лажица мед или јаворов сируп (по вкус)

1/2 лажичка екстракт од ванила

4–5 свежи смокви

Малку рендана кора од лимон (по желба)

Подготовка:

Во стаклен сад или тегла, измешајте го чиа семето со растителното млеко, медот и ванилата. Добро промешајте и оставете да отстои 10 минути. Потоа повторно промешајте за да не се создадат грутки.

Покријте и оставете во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ.

Подготовка на смоквите:

Измијте ги свежите смокви, отстранете ги дршките и пресечете ги на половинки или четвртини. По желба, можете да сочувате неколку за декорација, а останатите да ги изблендирате во пире.

Сервирање:

Во чаши или тегли, прво ставете слој од пудингот, потоа наредете на зидовите од садот смокви, па наполнете од пирето од смокви и повторете со чиа пудигот. Украсете со свежи парчиња смокви и малку рендана кора од лимон за дополнителна свежина.

Пудингот најдобро се сервира ладен, наутро, како дел од здрав појадок или дури како лесен десерт.

Зошто да изберете чиа пудинг?

Природен извор на протеини и влакна

Ја поттикнува дигестијата и дава чувство на ситост

Лесен за подготовка – може да се подготви однапред

Без глутен и погоден за веганска исхрана

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележување на роденденот на Мајка Тереза

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на Мајка Тереза. 

 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза

А централниот настан по повод роденденот ќе се одржи во музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Сали, настан на кој гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата од министерството за внатрешни работи велат дека денеска во Скопје ќе има и посебен режим на сообраќај, за што од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер