Четврти шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година - Канал 5

Четврти шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година

Профили на репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал во Русија идната година. Во Москва денеска ќе се одржи ждрепка за групите.

Четврти шешир, кој е кој на СП во фудбал во Русија во 2018 година
Јужна Кореја
Азиска најуспешна селекција на СП кои ќе се „појават“ по деветти пат по ред. Завршија зад Иран во квалификациите. Селектор им е беше Гус Хидик, но замина по групната фаза во 2014 во Бразил. Шин Таејон беше назначен за нов сектор во јули по отказот за Ули Штилике, и го има на располагање напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг Мин и играчи од Европа како Ко Ја Чеол, среден ред и напаѓачот Ји Донг Вон кој игра за Аугсбург.

Јапонија
По шести пат на СП по квалификациски успех. Во Бразил 2014 напуштија по групната фаза и со надеж за подобар успех во Русија. Селектор им е Босанецот Вахид Халилхоџиќ кој презеде во март 2015 година. На располагање има голем број играчи од домашното првенство и „странци“ од Европа – Шинџи Кагава (Борусија Д.), Јошинори Муто (Мајнц), Јуја Осако (Келн) и капитенот Макото Хасебе од Ајнтрахт Франкфурт.

Саудиска Арабија
По четири финалиња по ред, не успеаја да се пласираат во 2010 и во 2014 година. Завршија во квалификациите зад Јапонија. Селектор им беше Аргентинецот Едгардо Бауза кој во септември презеде од Данецот Берт ван Марвик. Но, заврши со таа функција по два месеца. Новиот е Хуан Антонио Пици кој со 63-то рангираните на ФИФА листата ќе се обиде да повтори најмалку успех од 1994 година кога ги победија Белгија и Мароко, но загубија од Шведска. Најбројни се играчи од домашното првенство каде централна „фигура“ е капитенот Осама Хавсави.
Нигерија
Без пораз во африканските квалификации со тим полн со талентирани играчи. Селектор им е Германецот Гернот Рор од август 2016 година. Селекцијата е предводена од Келечи Ихеаначо (Лестер) и Алекс Ивоби. Има 21 година и е внук на Џеј Џеј Окоча и игра за Арсенал. Тој го постигна голот што ги однесе на СП во Русија.

Панама
Деби на Панама на СП по драматична победа од 2-1 против Костарика во квалификациите. Колумбискиот селектор Хернан Дарио Гомез има искусен тим предводен од Габриел Гомез и ветеран-напаѓачки пар Луис Техада и Блас Перез кои се најдобри стрелци во домашното првенство, но се 49-ти на ранг листата на ФИФА.

Србија
Србија се враќа на завршница на СП откако пропуштија настап во Бразил во 2014 година и неуспех да се квалификуваат за Еуро во 2012 и 2016 година. Славољуб Муслин беше отпуштен по критики по квалификациите додека назначен е нов селектор – Младен Крастајиќ. Има на располагање голем број европски играчи – Коларов (Рома), Матија Настасиќ (Шалке), Немања Матиќ (М. Јунајтед) и Александар Митровиќ (Њукасл).

Мароко
Мароко се враќа на СП по 20 години неуспеси за квалификување со победа од 2-0 против Брег на Слонова Коска во финалниот натпревар во Ц-групата во Африка. Без примен гол се во изминатите шест натпревари како селекција. Мароканците се фокусирани на нови таленти. Во селекцијата се и неколку искусни како одбранбениот играч на Јувентус и капитен Мехди Бенатиа и одбранбениот играч на Фенербахче Набил Дирар.

Австралија
„Сокеросите“ се еден од последните што се квалификуваа за Русија откако го победија Хондурас со 3-1 во Сиднеј во плејоф. Носители се на Азискиот куп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со Трамп

Русија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој беше во притвор повеќе од четири години.

Путин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со Трамп

Според руските државни медиуми, за што извести Си-Ен-Ен, неговото ослободување уследи по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург.

Кој е Стивен Хабард?

Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а Стејт департментот на САД официјално го класифицираше како „неправедно притворен“. Во вторникот, претседателот Доналд Трамп потврди дека разговарал за случајот на Хабард со рускиот претседател Владимир Путин.

Со децении работел во странство како наставник по англиски јазик. Во 2014 година се преселил во градот Изјум, во источна Украина. Руските сили го окупираа градот на самиот почеток од инвазијата врз Украина во 2022 година.

Посета на специјалниот пратеник

Пред патувањето на Виткоф во Санкт Петербург, еден американски функционер најави дека посетата ќе биде насочена кон обезбедување на ослободувањето на Хабард. „Посетата на специјалниот пратеник ќе вклучува и напори за ослободување на Хабард.“

Руски обвинувања

Руските државни медиуми пренесоа тврдења на обвинителството дека Хабард се борел на страната на Изјум, откако потпишал договор за плата од околу 1.000 долари годишно. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, ги отфрли овие наводи како лажни.

Претходни случаи

Хабард е најновиот во низата Американци ослободени од руски притвор. Во август, Роберт Гилман беше ослободен од хуманитарни причини поради неговата сериозна здравствена состојба. Ветеранот од Корпусот на маринците бил екстремно слаб и неухранет кога бил префрлен назад во САД со медицински авион. Организацијата што го застапува соопшти дека Гилман бил изложен на тортура додека бил во руски притвор.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. 

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.

Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.

Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

„Nvidia“ ги демантираше гласините за прекин на производството на графичката картичка „RTX 5090“, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

Во текот на изминатите неколку дена се појавија гласини дека „Nvidia“ го запрела производството на „RTX 5090“ – модел што првенствено се користи во гејмерски конфигурации. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но сепак укажа на еден загрижувачки аспект.

Откако „RTX 5090“ ненадејно исчезна од веб-страниците на трговците и од официјалната страница на „Nvidia“, се појавија извештаи во кои се тврди дека компанијата го запрела производството за да ги пренасочи производствените капацитети кон забрзување на развојот на својот хардвер за вештачка интелигенција (AI). Вреди да се напомене дека, иако препорачаната малопродажна цена (MSRP) за „RTX 5090“ изнесува 1.999 долари, практично е невозможно да се купи по таа цена, бидејќи препродавачите на платформи од трети страни ја нудат по цена и до три пати повисока од таа.

Џеф Фишер, виш потпретседател во „Nvidia“, изјави за неколку тајвански медиуми – вклучувајќи ги „SJTV“ и „CNA“ – дека извештаите за прекин на производството се целосно неточни. Понатаму, тој нагласи дека „RTX 509“0 останува „исклучително важен, клучен производ“. Сепак, тој призна дека постојат проблеми со снабдувањето, уверувајќи ги купувачите дека „Nvidia“ вложува значителни напори за да ја врати графичката картичка на полиците во продавниците. Се разбира, каде што има чад, има и оган. Фишер не навлезе во детали зошто „RTX 5090“ воопшто исчезна од пазарот. Можно е „Nvidia“ да ја променила својата одлука по негативните реакции од гејмерската заедница – група која веќе е под значителен притисок, бидејќи компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција откупуваат огромни количини на графички процесори (GPU), меморија и други компоненти за да ги напојуваат своите најнови „AI“ модели.

Во текот на изминатата година, „RTX 5090“ се соочи со бројни проблеми, вклучувајќи ограничувања поврзани со „DLSS 5“, неисправни примероци, топење на конекторите за напојување и друго. Сепак, на пазар кој веќе се соочува со вртоглав раст на цените на хардверот, најновите изјави на Фишер нудат барем трошка надеж дека, во одреден момент, луѓето ќе имаат можност да го набават хардверот што им е потребен за играње игри.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер