Четворица загинати и 16 повредени по потера и судар меѓу автобус и украден автомобил во Тексас (ВИДЕО) - Канал 5

Четворица загинати и 16 повредени по потера и судар меѓу автобус и украден автомобил во Тексас (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а шеснаесет се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во Сан Антонио, Тексас.

Четворица загинати и 16 повредени по потера и судар меѓу автобус и украден автомобил во Тексас (ВИДЕО)

Според полицијата, трагедијата ја предизвикал возачот на украден автомобил кој со голема брзина го удрил автобусот и започнал верижен судир.

Двајца патници од автобусот починале на местото на несреќата, додека двајца други им подлегнале на повредите во болница. Меѓу повредените, како што потврди началникот на полицијата Вилијам Мекманус, има деца и постари лица.

Како се случил судирот

Сè започнало кога украден Камаро се судрил со приколка што ја влечел автобус. Поради силата на ударот, возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото, кое потоа удрило во заштитната ограда. Во тој момент, автобусот бил удрен и од приколка-влекач, поради што автобусот се превртел на страна. Полицијата потврди дека неколку патници испаднале од автобусот за време на превртувањето.

YouTube video

Сторителите во бегство

Полицијата известила дека неколку лица во украдениот Камаро избегале од местото на несреќата, без да им пружат помош на жртвите. Според достапните информации, барем едно од тие лица било вооружено.

Бегалците сè уште не се пронајдени или идентификувани, а полициската потрага по нив е во тек, јавува АBC News.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска.

Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории.

По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“.

Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации.

„Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср.

„Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот.

Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

 Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. 

Видео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми

Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа.

Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани.

Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето.

Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер