3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСе преврте автобус полн со ученици во Англија, спасувачите на терен Вонредна состојба е прогласена откако автобус што превезувал деца на училишна екскурзија се преврте во близина на Мајнхед, Сомерсет.Службите за итни случаи реагираат на несреќата на патот А396 Каткомб Хил, помеѓу Веден Крос и Тимберкомб, соопшти полицијата на Ејвон и Сомерсет, објави Скај њуз. Неколку лица се повредени и однесени во болница. Автобусот, кој превезувал помеѓу 60 и 70 лица, излетал од патот околу 15 часот по локално време. Се движел кон основното училиште Мајнхед. Полицијата соопшти дека повеќето патници биле евакуирани од автобусот и однесени во прифатен центар. Противпожарната и спасувачка служба на Девон и Сомерсет работи на ослободување на преостанатите патници, додека Службата за брза помош на Југозападна Англија исто така била на местото на настанот. Питер Прајор-Сенки, директор на автобуската компанија Ридлерс, изјави за Скај њуз дека бил „информиран за инцидентот во кој учествувало едно од нашите возила со 70 седишта околу 15:15 часот“. „Оттогаш сме во контакт со училиштето и службите за итни случаи, додека се обидуваме да го разбереме обемот на инцидентот“, рече тој. „Секој во Ридлерс, секако, е длабоко загрижен и нетрпелив да слушне повеќе - особено во врска со состојбата на возачот и патниците.“ „Додека чекаме дополнителни информации од полицијата и другите служби за итни случаи, нашите мисли се секако со учениците и нашиот возач. Ќе направиме сè што можеме за да откриеме точно што се случило.“ Полицијата од Ејвон и Сомерсет соопшти дека „работи со училиштето“ за да им помогне на патниците, кои веќе се евакуирани од автобусот, да се вратат кај своите семејства што е можно поскоро. „Полициските службеници се во училиштето за да помогнат во овој процес и би ги замолиле сите родители да се упатат таму“, соопшти полицијата. Автопатот А396 останува затворен, а на жителите им се советува да ја избегнуваат областа. Во објава на X Network, локалната пратеничка Рејчел Гилмор напиша: „Слушнав за вознемирувачки сообраќаен инцидент во областа Веден Крос попладнево. Службите за итни случаи се на лице место, ве молиме да им дозволите простор да работат. Моите мисли се со сите вклучени во овој инцидент.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
Здравје60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника. Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор. Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење. 60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook