Четворица Палестинци загинаа во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс, на Западниот Брег

Најмалку четири лица загинаа вчера во израелски напад врз бегалскиот камп Нур Шамс, на Западниот Брег, соопшти синоќа палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија во своето соопштение објави дека „е извршен воздушен напад врз терористичка ќелија во Нур Шамс додека тие поставувале експлозивна направа“. /МИА

Земјотрес го стресе познат грчки остров

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Холивудска легенда (80) претепа човек, кој го погодил со балон со вода (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Дани Трехо (80), по потекло од Мексико, на 4 јули, на парадата за Денот на независноста на Америка, физички нападнал маж кој го погодил со воден балон.

Ѕвездата на „Машет“ од „Деца шпиони“ дивееше на Парадата на Денот на независноста во Лос Анџелес, каде што гостуваше.

Трехо се движел по патеката на парадата во кабриолет кога бил удрен од воден балон, што го натерало да излезе од возилото за да се соочи со човекот.

На видеото снимено од запрепастени сведоци, се гледа како Трејо и мажот физички се пресметуваат со тупаници.

Успеале да го совладаат актерот и тој бил соборен на подот додека неговиот пријател останал со човекот кој го нападнал и кој бил облеан во крв.

Ураганот „Берил“ пустоши низ Мексико: Се евакуираат туристите, ветрот дува со 190км/час (ВИДЕО)

Властите ги повикаа туристите во мексиканското одморалиште Тулум да ги напуштат плажите и да бараат засолниште, а хотелите се евакуирани поради очекуваното влијание на ураганот Берил.

Властите ги повикаа туристите во мексиканското одморалиште Тулум да ги напуштат плажите и да бараат засолниште, а хотелите се евакуирани поради очекуваното влијание на ураганот Берил, кој погоди неколку острови во Сент Винсент и Гренадини, како и Барбадос и Јамајка претходните денови, објави Си-Ен-Ен.

Според медиумите, се очекуваат удари на ветер и до 190 километри на час.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека Берил може директно да го погоди Тулум, кој има најмалку 50.000 жители и приближно исто толку туристи.

„Се препорачува луѓето да заминат на повисоки места, засолништа... Не двоумете се, материјалните добра може да се заменат“, предупредил Обрадор, а пренесува АП.

Синоќа доцна навечер, центарот на бурата бил на 220 километри од Тулум, соопшти центарот за урагани.

Властите ширум полуостровот Јукатан подготвија засолништа и ги евакуираа малите крајбрежни населби, а хотелите на плажа во Тулум беа евакуирани.

Ураганот Берил претходно оштети или уништи 95 отсто од домовите на неколку острови во Сент Винсент и Гренадини, а погодени беа и Барбадос и Јамајка.

Три лица загинаа во Гренада и Кариаку, а едно во Сент Винсент и Гренадини, соопштија официјални лица.

Уште три смртни случаи поради овој ураган се пријавени на северот на Венецуела, а четири лица се водат како исчезнати.

притисни ентер