Четворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, долетаа со ракета Спејс Икс (ВИДЕО) - Канал 5

Четворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, долетаа со ракета Спејс Икс (ВИДЕО)

Нов екипаж пристигна на Меѓународната вселенска станица (МВС) откако НАСА претходно го испрати претходниот екипаж дома поради здравствен проблем на еден член.

Четворица астронаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, долетаа со ракета Спејс Икс (ВИДЕО)

Четири астронаути од мисијата Crew 12 се закотвија на МВС на вселенскиот брод SpaceX Crew Dragon, покажаа снимките во живо објавени од НАСА вчера. Тие беа лансирани во петок од Кејп Канаверал, Флорида.

Екипажот 12 ги вклучува астронаутката на НАСА Џесика Меир и нејзиниот колега Џек Хатавеј, рускиот космонаут Андреј Федјаев и француската астронаут Софи Аденот од Европската вселенска агенција (ЕСА). Ова е првата мисија на МВС за Хатавеј и Аденот, додека Меир и Федјаев се на нивниот втор лет.

YouTube video

Се очекува тимот да помине околу осум месеци спроведувајќи истражување на вселенската станица.

Екипажот 11 вратен на Земјата поради здравствени проблеми

Кон средината на јануари, екипажот 11, американските и јапонските астронаути Зена Кардман, Мајкл Финке, Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов, се вратија на Земјата пред предвиденото време поради здравствен проблем. Ова беше прв таков случај во историјата на станицата. НАСА не објави детали за проблемот, ниту пак кажа кој член на екипажот бил вклучен.

Првично беше планирано предавање на командата меѓу двата екипажа, што е стандардна практика на МВС. Наместо тоа, астронаутот на НАСА Кристофер Вилијамс и руските космонаути Сергеј Микаев и Сергеј Куд-Сверчков останаа на станицата во последните недели за да продолжат со својата работа.

Меѓународните екипи живеат и спроведуваат истражувања на вселенската станица континуирано околу 25 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Зборот е збор.

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. 

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер