Полицијата од Њујорк во подот на градинка, каде умрело бебе, нашле скривница за дрога - Канал 5

Полицијата од Њујорк во подот на градинка, каде умрело бебе, нашле скривница за дрога

Њујоршката полиција (НЈПД) пронашла скриена врата и складиште со дрога во подот на приватна градинка во Бронкс, каде едногодишно момче почина минатата недела од сомнително предозирање со фентанил.

Полицијата од Њујорк во подот на градинка, каде умрело бебе, нашле скривница за дрога

При претресот во средата, полициските службеници пронашле меѓу 8 и 10 килограми дрога. Се наоѓала под подот од просторијата која била наменета за играње на децата. Во скривалиштето биле пронајдени фентанил и други наркотици. „Пронајдени се голем број докази кои водат до заклучок дека ова е повеќе од само дневен престој“, изјави вчера окружниот обвинител во Бронкс, Дарсел Кларк.

Инспекторите веруваат дека осомничените биле вмешани во трговија со дрога и дека нивната задача била да го мешаат фентанилот со други наркотици или предмети за домаќинство, како што е пудра за бебиња, пренесува Си-Ен-Ен.

Да потсетиме, полицијата минатата недела пронашла килограм фентанил под тепих во градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три биле пренесени во болница. Николас Доминичи (1) бил во градинка во Бронкс само една недела, а починал минатиот петок поради сомнително предозирање со дрога.

Сопственичката на дневниот престој „Дивино Нино“ во Бронкс, Греј Мендез (36) и нејзиниот закупец Карлисто Ацеведо Брито (41) се обвинети за поседување наркотици со намера да дистрибуираат што резултирало со смрт. Властите ги задржале осомничените без кауција. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотен затвор.

Надзорните снимки и телефонските записи покажуваат дека Мендез му се јавила на нејзиниот сопруг откако видела дека децата не се добро и дури потоа се јавила на 911. Нејзиниот сопруг дошол во градинката и извадил неколку полни торби за пазарење од расадникот, рекоа официјалните лица. Полицијата се уште трага по сопругот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер