Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
1Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
СветЧетиригодишно дете паднало од четврти кат и преживеало- два детали му го спасија животот(ВИДЕО)4-годишно момче од романскиот град Бузау за чудо преживеа пад од четврти кат во зграда.Еден момент на невнимание беше доволен за да предизвика несреќа. Додека бил со баба му и сестра му во станот, четиригодишното момче се качило на маса покрај прозорецот, се наведнало и се лизнало од четвртиот кат. Пожарникарите го пронашле на покривот на терасата. „Тој беше свесен и имаше повеќе повреди на лицето“, вели Ајонеи Роберт Стефан од Инспекторатот за вонредни ситуации во Бузау. Според Антена Обсерватор, неколкуте жици за алишта на кои налетал го забавиле падот, а ударот бил ублажен поради изолацијата на терасата. Среќата на момчето била во тоа што терасата била изолирана со слој од стиропор, па ударот бил ублажен. "Беше дел од секунда. Слушнав како плаче и ме фати паника. Бевме исплашени. Ги повикавме сите служби за итна помош", рекол еден сосед. „Падот му беше ублажен, инаку можеше да отскокне, на тој трупец таму, ќе беше ужас. Немаше да преживее“, велат соседите. Момчето итно било пренесено во Окружната болница во Бузау. Поради тешки повреди на главата и екстремитетите, лекарите решиле да го префрлат во Букурешт. „Пациентот е свесен. Има повеќе повреди на главата, торако-абдоминални контузии. Стабилен е во однос на виталните функции. Во тек се дополнителни тестови“, вели Адријан Зоикан, лекар од Единицата за итни случаи Бузау. Родителите на момчето се венчале за време на викендот и ги оставиле него и неговата сестра кај баба и дедо за да одат на меден месец. Кога мајката на момчето ја слушнала веста, веднаш се вратила дома. Жената била пренесена во болница откако доживеала напад на паника. Полицијата сега врши увид за да утврди што точно се случило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Компир манџаВо понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 4 компири 1 главица кромид 1 морков 4 кисели краставички масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор ГроздановТагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook