Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
ЖивотЧетири знака кои откриваат дека партнерот повеќе не е заинтересиран за врската или бракотКога партнерот ќе се оддалечи емоционално, тоа ретко се случува ненадејно – знаковите обично се присутни, но не сакаме да ги видиме. Секоја врска поминува низ фази, но ако почувствувате дека нешто се променило и дека топлината и блискоста повеќе не се присутни, можно е интересот од другата страна да се намалил. Препознавањето на овие знаци не значи моментален крај, но може да ни помогне да разбереме каде се наоѓа нашата врска. Според различни експерти за врски, ова се некои од знаците што откриваат дека партнерот повеќе не е заинтересиран за врската или бракот. 1. Сè помалку разговор Комуникацијата е основа на секоја здрава врска, а кога ќе почне да исчезнува, тоа често е првиот знак на оддалечување. Ако партнерите повеќе не ги споделуваат своите мисли, избегнуваат да зборуваат за иднината или одговараат кратко и безволно, ова може да укажува на емоционално повлекување. Советниците за врски објаснуваат дека овие промени често се случуваат кога еден од партнерите губи интерес или повеќе не гледа заедничка цел. Тие препорачуваат отворен разговор без обвинувања, со цел повторно да се воспостави врска или барем да се разбере вистинската причина за тишината. 2. Недостаток на физичка блискост Физичкиот допир - без разлика дали е прегратка, бакнеж или нежност - е важен начин за изразување љубов. Кога ќе исчезне, честопати станува збор за нешто подлабоко од замор или рутина. Избегнувањето на допир или интимност може да биде начин партнерот да се дистанцира. Експертите предупредуваат дека е важно да не се игнорира овој знак. Ако блискоста е изгубена, треба да се обидете повторно да воспоставите емоционална врска преку искрен разговор и поминување време заедно, наместо да проблемот да се преќутува. 3. Избегнува поминување време заедно Ако партнерите сè повеќе наоѓаат изговори да не поминуваат време со другата личност во врската - без разлика дали остануваат подолго на работа, излегуваат често или едноставно „немаат волја“ - тоа може да значи дека веќе ментално се дистанцирале од врската. Таквото однесување не треба веднаш да се толкува како крај, но е јасна покана за преиспитување на односот. 4. Недостаток на труд и внимание Во здрава врска, двете страни покажуваат грижа, интерес и желба за развој на врската. Кога партнерот престанува да вложува напори, заборава важни состаноци или се однесува рамнодушно, тоа може да значи дека врската повеќе не е приоритет. Во овие ситуации, често можете да видите кој е подготвен да се бори за врската. Ако партнерите се незаинтересирани и не реагираат на обидите за зближување, време е искрено да се запрашате дали врската е сè уште взаемна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗавршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно Завршен е стручниот надзор со родилката од Струмица која по пораѓајот останала во инвалидска количка, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Резулатите од стручниот надзор се уште не се за јавност, потенцира Клековски кој сака да ја посети прво 19 годишната Станка Михајлова во болница. Роднините на Станка за Канал 5 објснија дека таа е на лекување во болницата за рехабилитација Козле, засега лекувањето го плаќаат и се уште не го добиле извештајот од стручниот надозр на комисијата формирана од министерството за здравство, каде освен домашни лекари специјалисти по неврологија,анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија имаше и експрети од надвор. Семејството на 19 годишната родилка од струмичко Баница реагираа дека жената по царски рез во штипската болница не можела да оди. Според информации до кои дојде Канал 5 е дека имало пропусти во целата процедра, во делот на препраќање на пациентката во штипската болница бидејќи во струмичката болница не бил повикан анестезилогот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови превирања околу изборот на македонскиот судија во Стразбур Продолжуваат конторверзите и превирањата околу изборот на нов судија во Стразбур, откако Советот на Европа по втор пат врати еден од предлозите на националната комисија – адвокатката Ана Дангова – Хуг..Поранешната уставна судијка – Наташа Габер – Дамјановска која беш дел од пријавените кандидати, но не влезе во потесниот избор, во објава на социјалните мрежи ја нападна Комисијата, која според неа не ги спроведува постапките соодветно. „За да се враќа листата толку пати, значи Комисијата не си ја завршила работата како што треба, според Упатството на Советодавниот панел. Срамота.“ – Стои во нејзината објава. Иако не го наведоа името на Дамјановска – Габер, од Комисијата сепак и одговорија. Оваа практика на враќање на листи не е невообичаена во Стразбур, велат од таму и посочуваат дека Експертскиот панел немал никаква забелешка за работата и постапките на Комисијата. Па, оттаму додаваат, неприфатливо е кандидат кој е незадоволен од нивната работа, истата да ја квалификува на недостоен начин. -Во таа смисла, доколку и Комисијата одговори на истиот начин, одговорот би бил дека тој кандидат е подобро да се соочи со срамот од неговата работа, кој е нотиран во извештај на Државниот завод за ревизија, наместо да дава неумесни квалификации за работата на Комисијата. – стои во реакција на Комисијата од каде алаудираат на извештајот на ДЗР за утврдените состојби во Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, каде меѓудругото, пороблематични беа некои исплати на надоместоци, процедури за јавни набавки и контролата на трошењето на јавните средства, во време на директорувањето со Академијата на Габер Дамјановска. Инаку, Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека предложената кандидатка Дангова – Хуг не ги исполнува во целост критериумте за судија во Стразбур, па на нејзино место едногласно била предложена адвокатката Јелена Ристиќ, кандидат кој за Канал 5 го потврди претседателот на Уставен и на комисијата за избор – Дарко Костадиновски. Хуг беше предложена, на местот на адвокатот Јордан Апостолоски, кој исто така беше вратен како несоодветен предлог. Свен Ристиќ, во игра остануваат и адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет – Сашо Георгиевски, а конечниот избор се очекува најдоцна во јануари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска два нови пожари, ер тракторите се на теренВо текот на вчерашниот ден имало 30-тина пожари на отворен протстор.Речиси сите се изгаснати или ставени под контрола информира Ангелов Пожарот на Китка е ставен под целосна контрола, последната огнена бикта на кракот кон Палиград е ставена под контрола, чадење има само уште во еден дол, но е опкружен од сите страни и очекува денеска да го прогласат за исгазнат. Денешен ден има 2 нови пожари, во с.Копаница- Сарај кон Тетово, на планината Жеден, ер тракторите се на терен, линијата е голема и поради ветрот и сувата вегетација има шанси да се прошири Втор голем пожар е во Тетовско некаде кај православните гробишта и се шири кон Шар Планина, на терен се тетовски пожарникари и полицискиот хеликоптер и се очекува наскоро да биде ставен под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56