Четири собраниски комисии ќе одржат седници

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт, Комитетот за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, двата по скратена постапка и во второ читање.

Пред членовите на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог – законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог законот за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, и двата во прво читање.

Презентацијата на предлог-програма за работата на Комитетот за односи меѓу заедниците во текот на 2021 година, е на дневен ред на седницата на овој Комитет.

На дневен ред на седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, во второ читање.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер