Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион - Канал 5

Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион

Четири момчиња на возраст од 20 до 25 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случила пред полноќ на патниот правец Фуш През - Вора, кај Тирана.

Четири момчиња загинаа во Албанија откако се запалил нивниот автомобил по судир со камион

Автомобилот марка „мерцедес", на бензин и плин, во кој биле момчињата, се судрил со камион-бетониерка, по што се запалил.

Првичните наоди од увидот потврдуваат дека бетонската мешалка се движела со мала брзина, а возилото во кое се наоѓале младите се движело со голема брзина.

Како што објавија албанските медиуми, патот не бил осветлен и како резултат на тоа младите не можеле да ја видат бетонската мешалка.

Возачот побегнал од местото на несреќата, но подоцна бил приведен.

Несреќата ја забележала полициска патрола, по што биле известени противпожарни служби за гаснење на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на срцето: Секој трет смртен случај резултат на кардиоваскуларни заболувања

6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат, објаснуваат од институтот за јавно здравје.

Светски ден на срцето: Секој трет смртен случај резултат на кардиоваскуларни заболувања

Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце.

Министерот за здравство Сашо Клековски со порака како што се носи автомобилот на сервис треба да се контролира и здравјето. Во малите места треба да се вратат прегледите и во аптеките каде ќе се контролира притисок и шеќер во крвта.

Според министерот фокусот треба да биде препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и превентивни скрининзи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник

Од локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи, па се до дигитални услуги и низа мерки за младите

Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник

Од локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи.. па се до дигитални услуги и низа мерки за младите ...Кандидатите за градоначалник на Брвеница започнаа со промоција на предизборните програми во пресрет на вонредните локални избори во оваа општина кои ќе се одржат на 18-ти октомври.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радически под слоганот „Една Брвеница за сите“, неговиот против кандидат од СДСМ Јовица Радески под паролата „Се бориме за Брвеница“ пред граѓаните најавија низа проекти за развој на општинната и подобар и поквалитетн живот на жителите во Брвеница.

Во трката за прв човек на Брвеница влегуваат вкупно шест кандидати. Владините коалциони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и на овие вонредни локални избори настапуваат со одделни кандидати. Во програмата на кандиатот на Вреди Јакуп Усеини фоксуот е ставен на патиштата, инфраструктурата, јавните простори, спортот, а преку социјалните мрежи Усени порачува дека „Не доаѓа со ветувања за еден ден, туку со план за Брвеница.

Канидатот до ДУИ Аркин Јахији во обраќање пред граѓаните најавува нов поечеток за Брвеница и одговорно и професионлано управуавње со општината. Во трката градоначалничката функција во Брвенца поддршката од граѓаните ќе ја бараат и двајца независни кандидати поддржани од група избирачи Душан Богдановски и Арифе Идризи.

Каммпањата за вонредните локални избори започна вчера и ќе трае до 16-ти октомври на полноќ. Вонредни локални избори во Брвеница се одржуваат откако во јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува претседател општинскиот совет Роберт Милошески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“

Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски  кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот.

Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“

За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот.

„ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година.

„ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ.

Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер