Четири години од членството на Македонија во НАТО

На 27 април 2020 година преку македонската амабсада во САД во Стејт департментот беше депониран инструментот за пристапување кон Алијансата со што Македонија и официјално стана 30 земја-членка на НАТО.

Со членството во НАТО, Македонија покажа каде припаѓа, а четири години потоа земјата има засилена безбедност и зацврстена стабилност – ова е клучната порака која министерката за одбрана Славјанка Петровска ја упати од централната прослава за годишнината од влезот во Алијансата. Додека на европско тло се уште се води војна, македонското општество како што истакна таа, гради отпорност против надворешни влијанија и злонамерни актери чија цел е дестабилизација на регионот.

-Сведоци сме на малициозните обиди на дестабилизирање на регионот политички, со обиди и за безбедносно. Затоа, токму злонамерните актери затоа што не сакаат стабилност и развој на земјтие од регионот, и се обидуваат на секаков начин да ја потопат демократијата, градењето на отпорноста на општеството е сериозен предизвик пред кој сме исправени и кој мораме да го совладаме.- Славјанка Петровска – Министерка за одбрана

Слични пораки беа упатени и од традиционалниот НАТО настан организиран од македонското МНР, каде покрај за членството на земјава во Алијансата, не изостана ниту темата за македонските евроинтеграции.

-Руската агресија врз Украина покажа дека безбедноста архитектура во Европа е нарушена, а како што сум истакнал и во други прилики Украина е само прва станица од руските империјални амбиции. По Украина, руската агресија се очекува да се прелее и понатаму кон Истокот, кон Молдавија, односно Транснистрија, кон Кавказот односно Грузија и наредна станица верувам дека ќе бидат и земјите од Западниот Балкан.- Бујар Османи – Министер за надворешни работи

-Како што не се откажавме од НАТО, така, без разлика на сите предизвици, нема откажување ниту од ЕУ. Како што ги ставивме интересите на граѓаните и на државата во преден план наспроти личните или партиските кога ги носевме тешките одлуки за НАТО, така ќе направиме и за нашето членство во ЕУ.- Бојан Маричиќ – Вицепремиер за евроинтеграции

Сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ, патот до членство е практичен и возможен – смета евроамбасадорот Дејвид Гир, кој оцени дека членството за Македонија е и безбедносно прашање.

-Го делам гледиштето дека патот кон ЕУ е просперитетен, со зајакнување на демократските вредности и владеење на правото, и стабилност. Но, е и пат на безбедност. И веруваме многу дека членството на Македонија во ЕУ ќе биде од корист за сите нас. - Дејвид Гир- Евроамбасадор

На 27 април 2020 година преку македонската амабсада во САД во Стејт департментот беше депониран инструментот за пристапување кон Алијансата со што Македонија и официјално стана 30 земја-членка на НАТО.

Мурал со цитат на Марко Цепенков осамна на прилепскиот Центар за култура

На предната страна од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, осамна мурал во рамките на проектот „Јазикот коски нема, но коски крши“ на визуелната уметница Ивана Самандова на која ѝ помогнаа уметниците Методи Исков и Александар Џинго.

Фокусот на муралот е истакнување на величината на Марко Цепенков, како една од најистакнатите фигури во македонската историја и култура. Идејата зад муралот е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство, соопштуваат од Факултет за работи што не се учат – ФРУ кој е организатор на проектот а е со поддршка на министерството за култура.

Целта на проектот е избегнување на централизираност на културата и уметноста во само еден град, а соработката помеѓу Центарот за култура во Прилеп и локалните уметници е стремеж кон визуелно осовременување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата.

Дел од муралот е цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ на Марко Цепенков преку кој може да се интерпретираат неколку перспективи како истрајноста, флексибилноста и настојувањето во потрагата на правдината во општествените пошироки аспекти. Овој концепт на правдина укажува дека и во мигови кога таа умее да биде истанчена, никогаш не може да биде комплетно уништена.

Инаку, ова е втор мурал во организација на Факултет за работи што не се учат – ФРУ. Во март, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски иницираа акција за обновување на фасада на зграда во центарот на Скопје, изработувајќи мурал посветен на потребата од солидарност.

Промовирана новата генерација полициски службеници

 Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година. Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени. 

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на новите припадници на полицијата посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

-Знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава година преку интензивна обука, верувам дека како идни полициски службеници ќе ги применувате доследно во организациските единици каде што ќе бидете распоредени, рече Џафери.

Ги охрабри полицајците да бидат чесни и посветени во спроведувањето на должностите кон граѓаните и горди на својата работа и професионално да се справуваат со новите предизвици на работата и да бидете подготвени за очекуваните одговори. Посочи дека овој ресор работи исклучиво во служба на граѓаните, и никако поинаку, и за полицискиот службеник, секој граѓанин е подеднакво важен, независно од личните определби, уверувања, или какви било други различности.

-За професионалниот полицаец, нема помалку или повеќе важна задача. Сите граѓани се еднакво исти пред законот и имаат еднакво исто право на безбедност. Како идни полициски службеници, очекувам преку сопственото поведение и труд да покажете дека, полицијата како институција е професионална, и успешно ги остварува своите законски надлежности и задачи, рече Џафери.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа.

-Најпрво би ви порачал секојпат да имате на ум дека секој еден од вас е креатор на сопствената среќа. Вашиот успех зависи само од вас. Вашиот успех треба да заврши само од вашата стручниост, кооперативност, добра волја, истакна Тошковски.

Порача дека законот мора да се почитува, како и дека секоја добра промена почнува од поединецот, од неговиот светоглед, поведение и дејствување, а не обратно.

- Секако говорам за интергритетот кој што е суштинска спротивност од подмитливоста, или поткупливоста, од лицемерието, од непочитувањето на законите или од селективната правда. Вие како млади луѓе пред кои е иднината имате право, можност, одговорност и секако обврска секој во својот домен на способности и афинитети да даде свој придонес за подобра и попросперитетна заедничка иднина, рече министерот Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев им честиташе успешното завршување на обуката за полициски службеници, потсетувајќи на се што претходно е направено во полицијата, меѓу другото, и на реконструкцијата на Центарот за обука во Идризово.

На свеченоста беа соопштение и имињата на најдобрите полициски службеници.

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина

САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испрата во Украина

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можела да и ги достави на Украина, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„Американските системи Патриот моментално се распоредени низ целиот свет, вклучувајќи го и Блискиот Исток, за да ги заштитат американските трупи. Ако можеме да ослободиме дополнителни американски батерии, ќе ги испратиме во Украина“, изјави Саливан во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека САД се обидуваат да ги убедат партнерите во Европа и другите делови на светот да го снабдуваат Киев со постоечките ПВО системи.

притисни ентер