Четири германски клубови со неверојатен потег ја спасија Бундеслигата

Бајерн, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг направија голем гест за спасувањето на помалите клубови во Бундеслигата.

Тие формираа фонд кој колективно ќе плати 20 милиони евра, со кои помалите клубови треба да се спасат од загуби среде пандемијата на коронавирус.

Моќната четворка се откажаа од некои од нивните ТВ-права и додадоа неколку милиони од нивните сметки. Парите ќе бидат испратени до сојузот, кој ќе ги прераспредели во клубовите - тие треба да одлучат каде и колку пари да испратат.

Германската федерација претходно создаде резервен фонд од 45 милиони евра од ТВ-правата на кои имаат право сите клубови, меѓутоа Големата четворка реши да се откаже од нив.

За големите проблеми се огласи и почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес.

"Дури и натпреварите кои не се играат пред публика, имаат гарантирани ТВ права и ако тоа функционира, не треба да има егзистенцијални проблеми околу оваа сезона. Но, ако нема натпревари до Божиќ, тогаш опстанокот на лигата е во опасност. Тешко е да се предвиди, секој што предвидува за почетокот на натпреварите е несериозен “.

притисни ентер