ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак - Канал 5

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Осумгодишната женка Рози, која претходно била напуштена во природа, пронашла нов животен пат откако технолошки претприемач од Сиднеј, Пол Конингам ја вдомил во 2019 година. 

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Среќата траела до 2024 година. Тогаш кај Рози бил дијагностициран агресивен мастоцитен рак. Конингам вложил значителни средства во ветеринарна хемотерапија и хируршки третмани, кои успеале да го успорат развојот на туморот, но не и да го намалат.

Адаптирана МРНА (mRNA) вакцина против рак дала изненадувачки резултати. Туморот со големина на тениска топка на зглобот на миленикот се намалил. Вакцината дотогаш се користела само кај луѓето. Научниците биле изненадени од нејзиниот ефект. Конингам се обратил на четботот ЧетГПТ да истражи можни третмани за ракот кај Рози. Потоа ангажирал некои од водечките австралиски научници за да ја произведат вакцината во лабораториите на Универзитетот Њу Саут Велс. Ветеринарниот истражувач го одобрил експерименталниот лек.

Од научниот истражувачки центар за геномика Рамачиоти (Ramaciotti Centre for Genomics) при Универзитетот УНСВ, Конингам побарал да се одреди ДНК-та на неговото куче откако ЧетГПТ предложил имунолошка терапија. Според професор Смит, секвенцирањето на ДНК-та овозможува истражувачите да го лоцираат туморот и прецизно да ги утврдат мутациите што предизвикуваат рак, и по тоа да заклучат што ја предизвикало болеста.

Конингам, експерт за вештачка интелигенција и инженер за електротехника и компјутери, по завршеното геномско секвенцирање на Рози - вредно 3.000 долари, веднаш започнал со работа. Тој го споредил здравото ДНК од крвта на Рози со ДНК-та од туморот за да ги идентификува мутациите што предизвикуваат рак. Откако мутациите биле детектирани. По добиените резултати, поминати низ неколку аналитички процеси, користел алгоритми за идентификација на потенцијални лекови кои би можеле да го утврдат туморот. Открил имунолошки лек кој не бил пуштен во продажба.

Тимот за геномика се обратил на Пал Тодарсон, директор на РНА (RNA), при институтот на УНСВ. Тодарсон, експерт за наномедицина, ги користел податоците на Конингам за да развие приспособена МРНА (mRNA) вакцина за Рози. Научникот напоменил дека ова е првпат да се дизајнира персонализирана, и ефикасна вакцина за куче. Овој револуционерен метод го привлече вниманието на Научната заедница и ја истакна значајната улога на вештачката интелигенција, геномското секвенцирање и МРХА (mRNA) технологијата во развојот на персонализирани терапии за рак, кои можат да ги спасат животите на животните и луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови скандали во Реал Мадрид: Се степаа двајца играчи, тензиите не се намалуваат

Целосниот хаос во Реал Мадрид продолжува. Дури ни паузата за репрезентативни натпревари не помогна да се смират страстите во соблекувалната, па затоа избувна нова тепачка.

Нови скандали во Реал Мадрид: Се степаа двајца играчи, тензиите не се намалуваат

Според шпанскиот „Кадена Сер“, во соблекувалната на Реал Мадрид дошло до нова конфронтација и тепачка помеѓу двајца фудбалери. Идентитетот и причините за овој инцидент не се познати, но очигледно е дека чад се „лее“ на сите страни на „Сантијаго Бернабеу“.

Приказната за инцидентот и тепачката помеѓу Аурелијано Чуамени и Федерико Валверде е веќе позната, а познато е и дека Килијан Мбапе предизвикува големи проблеми со своето однесување во соблекувалната на мадридскиот клуб. Како и дали Жозе Мурињо ќе успее да ги поправи работите останува големо прашање.

Реал влезе во новата сезона со променлива форма. Има пет победи и два порази во Ла Лига и веќе заостанува шест бода зад Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Карсон е добитничка на Нобеловата награда за литература

Шведската академија во Стокхолм објави дека овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за литература е Ен Карсон. 

Ен Карсон е добитничка на Нобеловата награда за литература

„Автобиографијата на Црвениот: Роман во стихови“ (1998) често се поздравува како најголемото дело на новонаградената лауреатка Ен Карсон. Тоа ја покажува нејзината извонредна способност да ја оживее класичната книжевна традиција.

Со прецизно чувство за современите идиоми и искуства, таа ги зема како појдовна точка фрагменти од песните на грчкиот поет Стесихорес од шестиот век п.н.е. за крилестото црвено чудовиште Герион. Додека митот опишува како Херакле, исполнувајќи една од неговите задачи, го убива Герион и му го краде добитокот, Карсон го преобликува застрашувачкиот џин во нежен „херој“ посветен на својата мајка во она што станува модерен Билдунгсроман (развоен роман). Младиот Герион, кој претходно бил сексуално злоупотребуван од неговиот брат, се вљубува во самодоволниот и неразумен Херакле. Што се случува кога сакаш некој кој на крајот ќе те уништи? Тоа е античко прашање во оваа спектакуларна форма на епска поезија со нејзините големи лирски квалитети.

Нобеловата награда за литература за 2026 година и е доделена на канадската писателка Ен Карсон „за нејзиното смело и инвентивно дело кое во разигран дијалог со класичната традиција создаде нови форми за современата литература“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ: Не знам што е вистина за Јаник Синер (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ пристигна во Шангај по успехот во Пекинг, каде што ја освои својата 102-ра титула во кариерата. 

Ѓоковиќ: Не знам што е вистина за Јаник Синер (ВИДЕО)

Новак ќе излезе на теренот во Шангај во петок во 12 часот, а еден ден претходно одржа прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Кина, објави Телеграф.

Новинарите беа заинтересирани дали има информации за повредата на Јаник Синер и какви совети има за него, откако светскиот број еден се повлече од понатамошните натпреварувања до крајот на годината.

- Навистина не знам што е за Синер. Ако некој вели дека е до коленото, некој друг... Не сум сигурен што е точно, а што вистина. Но, како некој што поминал низ неколку сериозни повреди во текот на кариерата, особено онаа поради која направив пауза од шест, седум месеци во 2017 година, тоа беше лактот, знам колку е тешко и колку е тешко да се вратиш.

- Секако, физички, ако си подготвен, тогаш си подготвен. Постојано го оценувате тоа со вашиот тим, а потоа се враќате и играте на највисоко ниво кога ќе добиете зелено светло за натпреварување. Но, потоа доаѓа менталниот аспект. На теренот си мислите: „Дали сум навистина целосно излекуван и слободен да го направам овој скок?“ Мислам, ако е во прашање неговото колено, очигледно тоа влијае на сè. Влијае на секое движење - рече Новак Ѓоковиќ, кој исто така му даде совет на својот голем ривал.

- Сигурен сум дека Синер и неговиот тим донесуваат мудри одлуки. Тој беше најдобриот играч во светот и доминантна сила во последните неколку години, заедно со Карлос Алкараз. На тенисот дефинитивно му недостасува. Но, во исто време, тој мора да размислува долгорочно. Мислам дека го видов како вели дека размислува долгорочно. Тоа е паметно, бидејќи како некој на кого секогаш му се советувало да размислува долгорочно и кој секогаш се обидувал да ја види пошироката слика, навистина го поддржувам тој начин на размислување и тој став. Важно е да си дадете уште неколку години од вашата кариера, за да имате повеќе можности да ги постигнете сите ваши цели - рече Ѓоковиќ на темата „Јаник Синер“.

YouTube video

Што рече Јаник Синер кога се пензионираше?

Синер е сè уште тенисер број еден во светот, но наскоро официјално ќе му се закани Александар Зверев, бидејќи Синер брани голем број поени до крајот на годината, а преку својот Инстаграм потврди дека нема да се натпреварува до крајот на 2026 година.

- Здраво на сите, би сакал да ви дадам мало „ажурирање“. Заедно со лекарите, одлучивме дека ми е потребен третман за коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Последните неколку години, особено крајот на сезоната во Торино, ми донесоа многу убави чувства и емоции, а оваа година ќе биде многу поинаку, но во овој момент морам да размислувам за мојата кариера на долг рок. Ќе дадам се од себе да се вратам на 100 проценти. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе ве видам на теренот - рече Јаник Синер.

Кога Новак Ѓоковиќ го игра својот прв натпревар во Шангај и каков е неговиот ждреп?

Новак Ѓоковиќ го игра својот прв меч во Шангај во второто коло во петок во 12:00 часот, против Хуберт Хуркач. Негов проектиран противник за третото коло е Мусети, за четвртото коло Франсес Тиафо, за четвртфиналето Бен Шелтон, за полуфиналето Александар Зверев, а за финалето Карлос Алкараз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер