Чествување на 100 годишнината од раѓањето на Конески во Париз - Канал 5

Чествување на 100 годишнината од раѓањето на Конески во Париз

Денеска во Париз се одржа меѓународно чествување на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, а во знакот на Светскиот ден на поезијата што Македонија го одбележа во УНЕСКО. 

Чествување на 100 годишнината од раѓањето на Конески во Париз

По тој повод официјално беа објавени добитниците на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата" и на „Мостови на Струга".

„Блаже Конески е квинтесенција на поетскиот јазик во чие творештво се вградени мудроста и мислечките предизвици на постоењето", истакна претседателот Стево Пендаровски во своето видео-обраќање на настанот. „Тој суптилно ни ја објаснува граматиката на животот, создавајќи арматура врз која се потпира не само континуитетот на нашата национална култура, туку е со свое значење и за светското поетско и мислечко наследство", додаде Пендаровски.

Потсетувајќи дека 100-годишнината од раѓањето на Конески е запишана во Календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО, министерката за култура, Ирена Стефоска, забележа дека ова чествување претставува и омаж на универзалните дострели на поезијата и на јазичната разноликост во светот. „Не случајно песните на Конески, денеска во УНЕСКО, не ги слушнавме само на македонски, туку и на други јазици", забележа таа, пред да додаде: „Поетскиот збор не познава граници од кој и да е вид и не смее да познава".

Во текот на омажот, песни од Конески на своите јазици прочитаа високите дипломатски претставници во УНЕСКО Ферит Хоџа (Албанија), Вероник Роже-Лакан (Франција), Леонора Клеинова (Република Чешка), Метка Ипавиц (Словенија), Данијела Чубрило (Србија), Гази Герери (Тунис) и Микаел Шулц (Шведска).

„Прифаќајќи ја нашата покана да учествуваат на овој настан, секој од нив прифати да го стави своето камче во повеќејазичниот мозаик на поезијата на Блаже Конески што му го подаруваме на светот по повод Светскиот ден на поезијата", изјави амбасадорката на Македонија во Париз и претставник во УНЕСКО, Јадранка Чаушевска-Димов.

Поезија од Конески на македонски читаше Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик во Парискиот институт ИНАЛКО, додека краткиот осврт „Блаже Конески - виртуоз на поетскиот јазик" на француски го прочита македонската поетеса Тања Кармзова Костиглиола.

Во текот на културниот настан, Амбасадорката Чаушевска Димов официјално ги објави имињата на лауреатите на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата" и на наградата „Мостови на Струга".

Оваа година, Златниот венец 'и припадна на Керол Ен Дафи, родена во Глазгов во 1955 година,една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија, авторка на педесетина книги и досегашна добитничка на значајни книжевни награди и високи одликувања, меѓу кои и почесните титули Дама-заповедник на Редот на Британската Империја (2015) и Поет-лауреат на Обединетото Кралство (2009-2019).

Наградата за дебитантска поетска книга доделена во соработка со УНЕСКО, „Мостови на Струга", му припадна на Владан Кречковиќ, роден во Белград во 1988 година. Наградената книга Париз,Тексас, насловена според култниот филм на Вим Вендерс, на еден мошне суптилен и непретециозен начин говори за љубовната разделба без патетика и нуди поинаква перспектива на оваа вечна тема.

Настанот со кој Македонија го одбележа во УНЕСКО Светскиот ден на поезијата и 100-годишнината од раѓањето на Конески го збогати настапот на Дуото СолиПсе, односно македонската флеитистка Елена Стојческа и францускиот гитарист Ромен Петио, со интерпретација на две дела од народниот македонски музички опус - Зајди зајди и Гајдарско оро - во аранжман на Мирослав Тадиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Скапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември.

Ѕвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добие

Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild).

Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри.

„Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“.

Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри.

Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6.

Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години.

Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот.

„Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер