Почитувани,
Дозволете ми, во мое лично име, и во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да ви го честитам 21-от роденден на Телевизија Канал 5.
Телевизија Канал 5 во изминатите две децении стана една од водечките телевизии во нашата држава, што емитува програма на национално ниво.
Од почетокот на својата работа во 1998 година до денес, Телевизија Канал 5 преку својата програма е важен хроничар на случувањата во државата на политички, економски и општествен план.
Очекувам Телевизија Канал 5 да продолжи да биде активен чинител и коректив на сите општествени процеси во Северна Македонија и преку понуда на квалитетни медиумски производи и содржини да даде натамошен придонес во развојот на нашето демократско општество.
Честитајќи ви го 21-от роденден, посакувам Телевизија Канал 5 и во иднина да биде силен глас на македонската јавност и да остане препознатлив бренд во македонскиот медиумски простор.
Со искрени желби за натамошна успешна работа,
Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија