Честитка од директорот на КОВЗРГ Сотировски по повод католички Велигден

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово упати честитка до Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.

– Живееме тешки денови, период во кои животот на луѓето е во сериозна опасност насекаде во светот. Сочувствувајќи со заболените и семејствата на жртвите, Ви упатувам и благодарност за принесените молитвите за спас на светот од смртоносниот вирус. Христовото Воскресение кое го очекуваме е потребната светлина која ни недостасува во овој мрачен период. Тоа е раката за спас на човекот, тоа е изворот на животот и она кое на животот му дава смисла, се вели во велигденската честитка.

Сотировски во честитката, како што се наведува, испраќа искрени честитки по повод големиот празник од името на сите македонски граѓани.

-Испраќајќи Ви искрени честитки по повод големиот празник од името на сите македонски граѓани, се потсетувам на зборовите полни со надеж и охрабрување на Св. Папа Јован Павле II кој вели: „Не се впуштајте себеси во очај. Ние сме Велигденски луѓе и алелуја е нашата песна" . Христос Воскресна !, стои во честитката од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер