Честит Велигден-Христос Воскресе - Канал 5

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Според изворот, Роналдо (40) би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.

Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.

Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.

Собранието повторно на едночасовна пауза

Собранието повторно не може да го утврди дневниот ред на 48-та седница, бидејќи на барање на пратеникот Сашо Јанчев од Левица е на пауза до 14:30 часот. 

Собранието повторно на едночасовна пауза

Јанчев, како што посочи, во процедурално барање на секоја седница ќе бара едночасовна пауза се додека генералниот секретар на Собранието не одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Собранието и претходно до 13:00 часот беше на едночасовна пауза која во процедурално барање ја побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски. Тој го обвини претседателот на Собранието Африм Гаши за злоупотреба на процедурите при утврдувањето на дневниот ред на денешната седница и побара пауза за да се утврди тоа.

На почетокот на седницата пратениците одлучија по скратена постапка да се донесат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за оружјето и на Законот за употреба на македонскиот јазик, како и предлог законот за дополнување на Законот за работни односи.

Не помина барањето за ставање по скратена постапка законското решение за утврдување надомест за семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и за повредените од тој немил настан, како и барањата од денвиот ред да се тргнат Предлогот за разрешување и именување претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање.

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата  Стратегија  за Македонија за следните пет години (2025-2030).

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Македонија

Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопшти дека стратегијата се фокусира на стратешките приоритети на земјата: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија

Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Македонија, истакнува дека новата Стратегија ја определува јасната и амбициозна визија на ЕБОР во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија.

- Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат, вели Туркменоглу.

ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

притисни ентер