Чешкиот премиер Бабиш пречекан со високи државни почести

 Премиерот на Чешката Република, Андреј Бабиш, кој денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, претпладнево со високи државни почести беше пречекан пред платото на Владата.

Во Владата во тек е среба на чешкиот премиер со неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.

Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Македонија.

Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.

Во попладневните часови чешкиот премиер Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Богородица.

Чешка испраќа свој полициски контингент на јужната граница од Републикава од февруари 2016 година за спречување на мигрансткиот бран. Досега низ чешкиот контингент во земјава минале над 1.000 полицајци.

Почнуваат разговорите за формирање на новата македонска Влада

Почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за состав на новата влада. 

Прво за принципите за соработка, па потоа се останато- ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ кои денеска седнаа на маса на прва постизборна средба. Во кој состав се состанаа и дали најдоа заеднички јазик по некое прашање, детали не соопштуваат од ниту една партија, но за Канал 5 велат дека ова се само почетни средби на кои ќе ги дефинираат општите позиции и текот на преговорите понатаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираат шепкулациите дека веќе почнала поделба на ресори и директорски места со албанската коалиција, а истото го тврди и лидерот на Демократско Движење кое е дел од „Вреди“, Изет Меџити. Тој во гостување на Канал 77 утрово пред средбата изјави дека кадровските политики ќе бидат тема на разговор во некоја следна фаза.

„Првично околу постулатите на новата влада и мислам дека тука лесно ќе се договориме бидејќи и во текот на кампањата и претходно разговаравме и промовиравме речиси исти приципи.. Во трета фаза ќе разговараме и за ресорите.. Внатре во ВЛЕН се анализира, се преговара, можеби утре задутре, бидејќи има и такви размислувања, да биде една политичка партија.“

За кадровските прашања и распредлебата на ресорите и идниот мандатар Мицкоски пред два дена во Само интервју кажа дека се уште не разговарале, но беше дециден дека очекува конструктивен дијалог со партнерите, кој ќе соодвествуваат на реалноста, а не на фантазиите.

Според неговите очекувања, до конституирањето на Собранието најдоцна до 28 мај, има можност неговата партија од 58 да порасне до 61 пратеник, со поединци од другите коалиции. Мицкоски очекува владино мнозинство од 74-75 пратеници, но најави разговори и со останатите партии за да се обезбеди двотретинско мнозинство неопходно за системски реформи.

Десетици загинати во големите поплави во Авганистан (ВИДЕО)

Три авганистански провинции се погодени од разорни поројни поплави бидејќи новиот бран поплави се заканува на северот на земјата, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.

Провинцијата Баглан е најпогодена од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.

Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имоти и земјоделството во сите погодени подрачја.

Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.

Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажало неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.

Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.

Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.

По децении војна и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.

Гир: Уверен сум дека ќе го заземете заслуженото место во ЕУ како полноправна земја членка

По повод Европскиот ден на знамето, денеска во организација на Европското движење се одржа традиционалниот планинарски марш до врвот на Водно, на кој присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.

Евроамбасадорот Гир ја нагласи размената на знамињата на Европската Унија и Македонија, како и нивното поставување на врвот на Водно, и изрази уверување дека македонското знаме ќе се вее во Брисел кога земјава ќе стане членка на Унијата.

притисни ентер