Чешката полиција влезе во Фудбалскиот сојуз, 20 лица обвинети за местење натпревари

Чешката полиција денеска обвини 20 лица за местење натпревари и изврши претрес во просториите на фудбалската асоцијација на земјата, како дел од истрагата за корупција.

Под истрага се 20 лица, од кои 16 се товарат за примање мито, тројца за давање и едно за двете дела, според официјални извори. Приведени се 19 лица, а наводно се испитува местењето на натпревари од третолигаш.

„Полицијата денес започна кривична постапка против 20 лица во врска со организирана криминална група активна во местење натпревари“, изјави обвинителката Ленка Брадачова.

Портпаролот на чешката фудбалска асоцијација Михаел Јурман ја потврди веста за претресите.

Осомничените се „членови на чешката фудбалска заедница“, а рациите биле извршени на повеќе локации во Чешка, но деталите не се познати. Според чешките медиуми, потпретседателот на Чешката фудбалска асоцијација Роман Бербр е уапсен, но тоа не е потврдено.

Видео: Манекенка во секси костим за капење

Една од најубавите жени на светот манекенката Изебел Гулар објави видео кое милиони мажи ќе секаат повторно и повторно да го гледаат.

Ако некој знае како да привлече внимание, тоа сигурно е убавата манекенка Изабел Гулар.

Бразилската манекенка која многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот на социјалните мрежи објави видео на кое во минијатурен костим за капење се шета на плажа.

Во видеото може да се забележи дека Изабел линијата на телото ја довела до совршени пропорции , а фановите се „тркаат“ која ќе и даде поголем комплимент.

Изабел редовно на социјалните мрежи ги провоцира фановите со фотки од своето совршено тело.

Ќе им се најде ли работа на сите вработени по рамковен?

Колку распределбата на вработените по Рамковен ќе им помогне или одмогне на државните институции ?!

Ова прашање се отвори во јавноста по објавените податоци за тоа колкав и каков кадар ќе добијат некои од институциите. Кај некои приливот на нововработени ќе биде минимален, но во некои напливот на нови кадри ќе се зголеми за дури над 100%. Таков е случајот со Агенцијата за заштита на лични податоци, во која ќе треба да се сместат 30 нови кадри, на сегашните 24. Во Државното правобранителство пак, ќе се приклучат нови 76, на актуелните 106 вработени или преку 70% нововработени.

Во јавноста веќе дел од диртекторите се пожалија дека не биле консултурани и дека не се задоволни од профилот на кадрите.. Таков е случајот со првиот човек на Државниот пазаерен инспекторат Стојко Пауновски, чија инситуција ќе добие 25 нови вработени.. Вчера вицепремиерот Груби кажа дека самите институциите се должни да ги обучат...

„Органите на државната администрација во кој ќе бидат распределени административците, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.“ истакна Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем.

Груби вчера тврдеше и дека во овие луѓе нема само Албанци, туку и граѓани од повеќе етнички заедници, сепак во податоците за структурата на вработени по припадност на заедници што се објавуваат во Годишениот извештај за јавниот сектор, може да се забележи дека големо мнозинство од кадарот всушност се Албанци, односно дури скоро 88%. Потоа, следуваат Турци со 5,68%, Роми нешто над 4,% и Бошњаци 1,37%. Македонците Власи и Срби се во незначителн број, под еден процент. Тоа, пак, го отвора прашањето дали ќе биде нарушена правичната застапеност, овој пат со преголема доминација на Албанците во некои инситуции.

Според планот, до крајот на месецот 1.349 вработени по Рамковен, по повеќе години дома, ќе треба да почнат да одат на работа.

ЌЕ ДОБИЈАТ// ВРАБОТЕНИ ВКУПНО:

Министерство за внатрешни работи 143 12 115

Управа за јавни приходи 92 1 119

Царинска управа 74 1 165

Државно правобранителство 74 106

Управа за водење матични книги 41 517

Министерство за надворешни работи 26 451

Државен пазарен инспекторат 25 271

Агенцијата за заштита за лични податоци 30 24

Словенија: 20 починати, регистрирани 1506 нов случаи на корона

Во изминатото деноноќие во Словенија се потврдени 1506 нови случаи на заразени со корона вирусот , а починати се 20 лица, соопшти словенечката влада.

Во моментов на болничко лекување во Словенија се 1129 граѓани заболени од ковид-19, од нив 192 пациенти се на интензивна нега.

Во земјата бројот на активни случаи е 18677, од почетокот на пандемијата од последици предизвикани од корона вирусот починале 3309 граѓани.

До вчера вакцина против корона во Словенија примиле 46 467 лица.

притисни ентер