3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
АвтомобилизамЧешка е првата европска држава, каде се зголемува дозволената брзина на 150 км/часЧешка пишува историја како прва земја-членка на Европската Унија што воведува пробно зголемување на ограничувањето на брзината на автопатите од сегашните 130 на 150 километри на час.Пилот-проектот ќе се спроведува на делницата од автопатот D3 од Прага до Линц, а во првата фаза ќе опфати 50 километри помеѓу Табор и Ческе Будејевице. Електронските знаци со променливи ограничувања на брзината веќе се инсталирани, а тестирањето официјално започнува кон крајот на септември. За разлика од Германија, каде што нема ограничувања на брзината на многу автопати, Чешката Република досега имаше стандардно ограничување на брзината од 130 км/ч. Новиот систем ќе овозможи возење до 150 км/ч само во поволни услови. Во случај на дожд, снег или мраз, ограничувањето на брзината автоматски ќе се намали за 20 км/ч. Во проектот се инвестирани 2,2 милиони евра, а инсталирани се 42 динамични сообраќајни знаци. Чешка тестира, соседите веќе имаат искуство Доколку пилот-проектот се покаже како успешен, чешките власти планираат да воведат сличен режим на други клучни правци, вклучувајќи го автопатот D1 кон Острава и D11 во близина на Храдец Кралове. Слични експерименти веќе се спроведени во соседните земји. Австрија го зголеми ограничувањето на брзината на 140 км/ч на делницата од автопатот A1 помеѓу Виена и Салцбург помеѓу 2018 и 2020 година, но проектот беше суспендиран поради загриженост за емисиите на јаглерод диоксид. На некои делници, брзината беше дополнително намалена на 100 км/ч поради законите за заштита на воздухот. Во 2020 година, Холандија воведе ограничување на брзината од 100 км/ч преку ден, додека ноќе остана на 130 км/ч, а од април 2025 година, повторно ќе биде дозволено побрзо возење преку ден на некои патишта, како што се автопатите A6 и A7 кон Германија. Сепак, Чешката Република сега оди чекор понатаму и станува пионер во Европската Унија, зголемувајќи ја границата на 150 км/ч, што, доколку се докаже како одржливо, би можело да го отвори патот за слични иницијативи во други земји.Тагови: брзина Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Шоу бизЏејми Фокс на 58-годишна возраст по третпат стана татко, доби дете со 27 години помлада партнеркаХоливудската ѕвезда, актерот Џејми Фокс и неговата партнерка Алис Хакстеп станаа родители, а актерот сега има три деца.58 годишниот Џејми Фокс и неговата 27 години помлада девојка Алис Хакстеп го добија своето прво заедничко дете. Магазинот „Пипл“ (People) пренесува дека актерот сега е татко на три деца. За Фокс и Хакстеп – за која се вели дека е поранешна фитнес-инструкторка која се држи подалеку од очите на јавноста – првпат се појавија гласини дека се во врска во август 2022 година. Тогаш таа беше забележана како му дава поддршка на светската премиера на неговиот филм за „Нетфликс“, „Деј шифт“ (Day Shift), иако не се појавија заедно на црвениот тепих. Една година подоцна, тие беа видени како си заминуваат по заедничка вечера во ресторанот „Нобу“ во Малибу. Според информациите, нивната врска се развила откако Фокс доживеал мозочно крварење, кое довело до мозочен удар за време на снимањето на акциската комедија „Бек ин екшн“ (Back in Action) со Камерон Дијаз. Овој медицински детал тој подоцна го откри во својот комедиски специјал од 2024 година, насловен „Џејми Фокс: Што навистина се случи...“ (Jamie Foxx: What Really Happened...). Во периодот по здравствените компликации, Алис „беше тука за него“ и претставуваше огромна поддршка во животот на актерот, објави магазинот „Пипл“ (People) во 2024 година. Двојката накратко раскина во јануари 2025 година, но три месеци подоцна беа фотографирани како, сосема случајно, излегуваат од истиот ресторан „Нобу“ (Nobu). Тие останаа заедно, а „Пипл“ ги забележа како се забавуваат во „Кики он д ривер“ (Kiki on the River) во Мајами за време на минатогодишната Ноќ на вештерките. Веста за бременоста прв ја објави порталот „ТМЗ“ (TMZ) уште во мај, наведувајќи дека австралискиот модел е веќе „неколку месеци бремена“. Фокс е веќе искусен татко на две возрасни ќерки, на возраст од 32 и 18 години. Својата најстара ќерка, Корин, ја добил во 1994 година со поранешната партнерка Кони Клајн, а потоа и Анелиз Бишоп во 2008 година со поранешната партнерка Кристин Гранис. Фокс никогаш не стапил во брак, а во своите мемоари од 2021 година, насловени „Однесувај се како да имаш мозок: и други работи што ме научија моите ќерки“ (Act Like You've Got Some Brains: And Other Things My Daughters Taught Me), откри дека никогаш не бил убеден оти бракот е добра идеја за него. „Никогаш не ми се чинело дека бракот е неопходен за децата да растат во безбедна атмосфера полна со љубов“, напиша Фокс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00