Пречекорил брзина за 27км/час, па е казнет со 92.700 евра - Канал 5

Пречекорил брзина за 27км/час, па е казнет со 92.700 евра

Неименуван милионер од Швајцарија, француски државјанин кој живее во земјата дваесет години, се најде пред законот.

Пречекорил брзина за 27км/час, па е казнет со 92.700 евра

Возел пребрзо во населено место и добил казна од која секој од нас би се онесвестил.

Обвинителот немал дилема

Жителот на Лозана, чие богатство се проценува на неколку стотици милиони евра и кој е на листата на 300 најбогати луѓе во земјата, бил фатен како вози со 77 км/ч на делница каде што ограничувањето на брзината е 50 км/ч, објавува 24hures.

Судските органи немале дилема при одредувањето на казната. Обвинителот ја пресметал условната казна согласно законот - 40 дена затвор, во износ од 2.060 евра на ден, како и еднократна парична казна од 10.300 евра.

Значи, 82.400 евра плус 10.300 евра се еднакви на - 92.700 евра!

Не му е прв пат

Локалните медиуми објавуваат дека ова не е прв пат да биде казнет за пребрзо возење. Пред осум години, тој бил казнет со 61.800 евра, плус еднократна казна од 10.300 евра.

Портпаролот на јавното обвинителство, Винсент Деруен, објаснува дека санкциите во Швајцарија се одредуваат врз основа на личната и финансиската состојба на сторителот:

„Судијата ја одредува висината на дневната казна, која се движи од минимум 31 до максимум 3.090 евра, земајќи ги предвид приходите, имотот, начинот на живот, семејните обврски и егзистенцијалните потреби“, рече тој.

На овој начин, судскиот систем се обидува да обезбеди еднаквост пред законот - бидејќи казна од 300 евра за обичен граѓанин и казна од 82.000 евра за мултимилионер можат да имаат ист ефект на одвраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија

Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои на 10 август 2001 година, кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија, објави на својот профил на Фејсбук, Венко Филипче. 

Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија

Осум животи згаснаа исполнувајќи ја својата должност кон државата. Зад секое име стои човек, семејство, живот и празнина што времето не може да ја избрише.

Споменот на загинатите бранители, за нас треба да биде потсетник дека поделбите, омразата и конфликтите никогаш не носат подобра иднина и напредок.

Општеството се движи напред кога заеднички ја градиме иднината на државата без омраза и поделби.

Наша должност е да се сеќаваме на бранителите кои ги загубија животите со почит, но и да направиме сè за идните генерации да живеат во мирна, безбедна и просперитетна Македонија.

Вечна им слава!- стои во објавата на првиот човек на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“

Поранешниот тајландски пратеник Чалонг Риевранг е уапсен под сомнение дека пукал во локалниот функционер Тонгчај Јенпрасерт во провинцијата Нонтабури. 

Видео: Поранешен тајландски пратеник уби локален функционер. „Не сакав да пукам во него.“

По пукањето, Риевранг се јавил кај една политичка коментаторка среде нејзиниот пренос на YouTube и го признал делото, пренесува Би-би-си.

Убиството се случило во понеделникот пред канцеларијата на Тонгчај Јенпрасерт. Тој бил застрелан во вратот и подоцна починал во болница, додека неговиот возач бил ранет во раката.

Кратко по нападот, Чалонг Риевранг се јавил кај Анчали Паирерак, која водела политичка емисија во живо на YouTube.

На снимката се гледа како водителката го прима повикот и како изразот на нејзиното лице се менува додека го слуша соговорникот.

„Дали е мртов? Дали пукавте во неговата глава? Мора да ја почекате полицијата. Не одете никаде“, рекла шокираната водителка во телефонот. Гледачите не можеле да го слушнат Риевранг, но од нејзината реакција било јасно дека сведочат на признание за извршеното кривично дело.

Риуранг подоцна е уапсен, а полицијата му дозволила да одржи прес-конференција во станицата. Таму, тој пред новинарите ја изнесе својата верзија за настаните. Тврдеше дека немал намера да пука во Јенпрасерт, кого го опиша како добар пријател.

Според него, Јенпрасерт бил лут на него, иако не ја објасни причината за конфликтот. Риуранг рече дека сакал само да разговара со Јенпрасерт. „Ме оттурна и рече дека не сака да разговара“, изјави Риуранг.

Додаде дека потоа го следел до неговиот автомобил. „Кога го извадив пиштолот, немав намера да пукам во него. Но, тогаш неговиот возач го извади својот пиштол и го впери кон мене, па затоа пукав“, објасни тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство.

На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер