Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
2Климатските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот домат
РакометЧервар: Ние не сме екипа која лесно ќе се предаде Силата на Кил е во два сегмента. Имаат тројца врвни играчи кои мораме да ги спречиме со позициона игра. Вториот сегмент е во нивното големо искуство кое го користат да го казнат притивникот при неговите грешки.Ова на прес-конференција го истакна тренерор на Металург Лино Червар во пресрет на првиот четвртфинален натпревар со Кил кој се игра в сабота во Скопје. - Кил е екипа која не се предава и може да направи пресврт на резултатот многу брзо. Немаме право на грешка ако сакаме со нив да се бориме. Германскиот состав е апсолутен фаворит, но ние не сме екипа која лесно ќе се предаде, додаде хрватскиот стручњак. Според него Кил игра брз центар со два пивота кој мора да се сопре и неутрализира. Не смее да се дозволи да им се отвори шутот на тројцата бекови на Кил кои се, како што рече, со брзина на „чкрапалото“. Капитенот на Металург Филип Миркулоски ја нагласи големината на Кил, но ја повика публиката да им помогне и со заеднички сили да ја добијат битката во Скопје. - Ќе сакаат да победат на овој натпревар, но ние сме тука да ги спречиме и да им го скратиме тоа задоволство, порача Миркуловски и додаде дека Металург ќе даде се од себе да победи. Кил во Скопје пристига утре, а вечерта ќе одржи тренинг од 18 часот и 30 минути, во истиот термин кога в сабота во арената „Борис Трајковски“ ќе се одигра натпреварот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
МакедонијаСтојанче Ангелов бара голема претпазливост поради пожаритеВо текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор.Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Штип и штипско биле регистрирани четири поголеми пожари на отворен простор, додека голем пожар избувнал и во Општина Пробиштип, кој подоцна се проширил кон Општина Чешиново-Облешево, информира директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлиматските промени го избришаа земјоделскиот календар: Итни мерки на терен за спас на македонскиот доматКлиматските промени нема треба да бидат причина да ги снема доматите, крставиците и другите култури кои се белег на македонскиот пазар и да се заменат со нови, објаснува професторот од Земјоделскиот факултет Ордан Чукалиев експерт за климатски промеЗа да се зачува земјоделството, но и да има добар принос мора да има вложување во нови технологии и нови сорти што ќе бидат многу поскапи. Затоа се потребни мерки и акција на терен не на хартија, бидејќи земјоделците се мали со ниска економска моќ, потенцира професорот. „Во исто време тие треба да вложат во опрема која ќе ги заштити од високите температири опрема што ќе ги оросува, ќе треба да инвестираат и во опрема за мраз. „Не верувам дека имаме време, затоа мислам дека мораме да дејстуваме што е можно со техничките мерки, бидејќи ако се скапи ќе бидат најбрзи. Она што е важно земјоделците да ги научат новите лекции, да добијат ново знаење, некогашниот земјоделски календар го сменија климатските промени, повеќе не важи и затоа има и големи штети. „Порано се знаело на крај на април се сее пченка, сите тие работи кои што ги врзуваме со дати сега има друга состојба со темпратурите. Значи календарот на важи и на земјодлеците треба да им се дадат нови знаење“, вели Чукалиев. Јунските високи температури донеса голем удар на европската економија во делот на работната сила и потрошувачката на енергија. Европа во иднина мора да направи инвестиции во делот на адаптацијата и инфрастурктурата со цел да се намалат загубите, велат економистите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерконекторот со Грција готов до пролет – се гради со сопствени пари без кредитиВладата очекува во првиот квартал следната година гасниот интерконекрот со соседна Грција да биде готов. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од динамиката, вели се што се реализира се прави со сопствени средства без заеми и кредити, а дополнително како што рече започната е и постапката за израдба на интреконекторот со соседна Србија, односно од страна на НОМАГас вели распишан е тендер за избор на изведувач. Мицкоски вели парлаелно со ова работат и на рестартирање на три нови прокети – и тоа гасоводот кој треба да ги поврзе Велес со Штип, оној од Гостивар до Кичево и една отсечка ќе биде извлечена пред Тетово која ќе оди до Косово. „Во првиот квартал од следната година очекувам да се синхронизира целосно нашиот национален со грчкиот национален гасоводен систем, веќе е објавен од страна на НОМАГАс интерконекторот со Србија така што сето тоа кое ние го зброуваме се реалзизира и сето тоа го правиме со сопствени средства. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. За интерконекторот со Грција, вчера министерката за енергетика Сања Божновска оствари средба со НОМАГАС и претставници од грчкиот оператор на гасниот преносен систем, на која се разговарало за следните чекори во реализацијата. Од ресорното министерство велат гасоводниот интерконектор претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Според надлежните со негова реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура. Тагови: гас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter