Состанок Гаши-Доцова: Официјална Софија бара соодветна казна за палењето на возилата пред бугарската амбасада
2Состанок Гаши-Доцова: Официјална Софија бара соодветна казна за палењето на возилата пред бугарската амбасада
РакометЧервар: Не покажавме борбен духТренерот на Металург, Лино Червар по загубениот натпревар со Горење од СЕХА лигата на прес-конференција рече дека очекувал повеќе од неговите избраници. - Екипата на Горење ја заслужи победата, бидејќи беа подобри во сите аспекти на играта. Ние дојдовме малку хендикепирани по тешкиот натпревар во саботата, но тоа не ја намалува заслугата на ракометарите на Горење. Игравме лошо, јас очекував многу повеќе од моите играчи, особено во одбраната. За жал, тие не покажаа борбен дух, веројатно заморени од претходните натпревари. Но, тоа не може да биде оправдание за поразот и за нашата мека одбрана. Во нападот не игравме како што требаше, а за да ја спасат средбата тие почнаа безуспешно да шутираат од далеку. Секој пат се обидуваме да учиме од нашите грешки. Моите играчи се млади и ова е најдобриот начин да научат да бидат подобри ракометари, рече Червар. За разлика од Лигата на шампионите каде Металург има половичен учинок (две победи од четири дуели), во регионалната СЕХА лига македонскиот вицепрвак се наоѓа во долниот дел на табелата со само една победа и еден нерешен резултат од седумте средби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Детска клиника се спојуваат два оддела, бидејќи нема доволно кадарВеќе една недела одделите за имунологија и пулмологија се фузирани, бидејќи нема доволен медицински кадар, информираше денеска директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди. Тој објаснува дека ова е неопходно, но привремено решение, а најважно како што вели е дека ниту едно дете не е вратено без да биде прегледано. На Клиниката во моментов како што информира директорот, вработени се 144 медицински сестри, од кои речиси половина се ослободени од дежурства, по разни основи, а 25 се над 60 годишна воздраст, односно исполнуваат услов оваа или следната година да заминат во пензија. Според Мемеди, тоа било причина што побарал од Министерство за финансии согласност за ангажирање на средно медицински персонал, а откако не им бил продолжен договорот на работниците кои и по неколку години работеле во клиниката, се направил голем притисок во организирање на смените. Мемеди се пофали дека детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката. Како што кажа, анализите покажале дека во 2015 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализираните пациенти изнесувал 1,51 отсто , односно 108 смртни случаи, додека во 2025 година стапката на смртност паднала на 0,51 процент, односно 39 смртни случаи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСостанок Гаши-Доцова: Официјална Софија бара соодветна казна за палењето на возилата пред бугарската амбасадаСоодветна казна за сторителите на антибугарски дејствија во Македонија очекува претседателката на бугарското собрание, Михаела Доцова, по инцидентот со опожарувањето на двата дипломатски автомобила пред бугарската амбасада во Скопје. Ова како што потенцира Доцова, му го предочила на македонскиот колега, Африм Гаши на денешната средба во Софија во рамките на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Средбата траела половина час, а таа откри дека ја прифатила поканата на Гаши да го посети македонското собрание. -Jа изразив својата загриженост и загриженоста на нашата земја во однос на зачестеното антибугарско однесување, како и за невидениот напад врз дипломатските автомобили на нашата мисија. Она што го очекуваме како земја е праведна казна (за сторителот) за да може општеството да види дека постои соодветен одговор таквите дејствија. , изјави Михаела Доцова, претседателка на бугарското собрание Гаши по средбата само кусо одговори. -Г-не Гаши како помина средбата со претседателката? – Одлично, супер, рече Гаши. Од неговиот кабинет подоцна соопштија дека на средбата со Доцова, Гаши ја нагласил потребата од обезбедување дополнителни канали на комуникација меѓу двата парламента и дека двете земји фокусот треба да го стават на иднината, а не на наративите од минатото. -Претседателот ја искажа нашата посветеност на добрососедските односи, европските вредности и регионалната стабилност при што констатираше дека моделот на градење наративи со фокусирање кон минатото и историјата се покажал како предизвик којшто ги оптоварува односите и несомнено треба да се разговара за други развојни теми, велат од Кабинетот на Гаши. Инцидентот пред бугарската амбасада, за кој 44-годишен Скопјанец веќе отслужува мерка 30-дневен притвор, со денови ги бранува македонско-бугарските односи. Министерката за надворешни на Бугарија, Петрова Чамова во телевизиско гостување оцени дека загрижува тоа што веќе не се работело за изолирани случаи, туку како што вели за тренд. Пред неколку дена, Бугарија преку пратеничката од Герб, Деница Сачева испрати писмо до Парламентарното Собрание Советот на Европа, во кое се посочува дека последниот инцидент е дел од поширока серија напади врз бугарски индитуции и граѓани и дека не може да се смета за изолиран случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРебаланс на буџетот: Дефицитетот се зголемува од 3,5% на 4,1% од БДП, ќе биде 750 милиони евраВладата го усвои ребаласнот на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска пред малку на прес конференција кажа дека со него буџетскиот дефицит ќе се зголеми на 750 милиони евра, или за околу 120 повеќе во однос на првично превдиденото. Уверува дека приходната страна останува стабилна, а дефицитот се зголемува за да се обезбедат повеќе пари за капиталните инвестиции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook