3ВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа
ФудбалЧелзи со рекордна заработувачка и покрај лошите резултатиИ покрај лошите резултати, англискиот фудбалски гигант Челзи оствари рекордна заработка.Финансискиот извештај на Челзи за сезоната 2022/23 ги задоволи финансиските планови и програми на раководството на клубот, иако резултатите не. Според овие бројки, клубот од „Стемфорд Бриџ“ минатата сезона заработил 512,5 милиони фунти, со што за прв пат ја мина границата од половина милијарда фунти, (претходно оваа бројка изнесуваше 481,3 милиони фунти). Загубите на Челзи пред оданочување достигнаа 90,1 милиони фунти - 31,3 милиони фунти помалку отколку во сезоната 2021/22. Резултатите не ги следеа успешните финансии. Сините од Лондон на крајот од минатата сезона го зазедоа само 12. место во Премиер лигата. Ниту оваа сезона не е добра за клубот од северен Лондон во моментов. По 26. коло Челзи се наоѓа на 11. позиција на табелата со 36 бодови. Челзи од 2023 година го предводи аргентинскиот тренер Маурисио Покетино.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц: „Немаме повеќе пари за се“ Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот. Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва. „Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц. „Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. „Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц. Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз СараВо Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.Со отворање на главната расправа, денеска, во Основниот суд во Охрид, почнува судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан К., обвинет за нападот врз 26-годишната девојка Сара Ѓ. од Охрид, што се случи на 15 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќаГази Баба меѓу првите скопски општини која младите до 35 години ги ослободи од комуналии за изградба на куќа, следува законско решение кое ќе важи на цела територија.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со креирање и спроведување конкретни политики за поддршка на младите за да им овозможи полесно да го решат едно од најважните животни прашања, обезбедувањето сопствен дом. Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, се предвидува младите брачни парови на возраст до 35 години, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините, на цела територија на државата. Оваа мерка претставува директна финансиска поддршка за младите семејства и значително олеснување при започнувањето на изградбата на сопствен дом. Дека станува збор за конкретна политика, а не само за најава, покажува и нејзината досегашна реализација во неколку скопски општини, меѓу кои и Општина Гази Баба, која е меѓу првите. Општина Гази Баба уште кон крајот на минатата година ја спроведе мерката, со која младите брачни парови до 35 години се ослободуваат од целосниот износ на комуналиите што и припаѓаат на општината. Дополнително, Советот на Град Скопје ја усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители се ослободуваат од 60 проценти од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште, односно од делот што му припаѓа на Градот Скопје, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план. Првичната старосна граница од 29 години беше проширена на 35, односно 40 години, по направените анализи и согледувањето на реалните потреби на младите семејства, затоа што целта е поддршката да опфати што поголем број млади луѓе и семејства на кои им е потребна помош при создавањето услови за сопствен дом. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни придобивки за граѓаните за младите да имаат сигурност, перспектива и можност својата иднина да ја градат во Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook