Челзи го донесе Лукаку во најголемиот трансфер во клупската историја - Канал 5

Челзи го донесе Лукаку во најголемиот трансфер во клупската историја

Ромелу Лукаку премина од Интер во Челзи, официјално потврди англискиот клуб.

Челзи го донесе Лукаку во најголемиот трансфер во клупската историја

Лукаку пристигна во Челзи за 115 милиони евра како компензација, што е најголемиот дојдовен трансфер во историјата на клубот од Стемфорд Бриџ.

Ова е второ доаѓање на Лукаку во Челзи, бидејќи имал договор со лондонскиот клуб од 2011 до 2014 година, но поголемиот дел од времето го поминал на позајмица во Вест Бромвич Албион и Евертон.

Тој успеал да одигра само 15 натпревари за Челзи, но никогаш не постигнал гол. Сега се очекува со своите голови да го врати Челзи на врвот на англискиот фудбал. Лондонскиот клуб ја освои Лигата на шампионите минатата година, но не ја освоил Премиер лигата од 2017 година.

Белгискиот напаѓач потпишал за Интер летото 2019 година, кога пристигна од Манчестер Јунајтед за 74 милиони евра. Во дресот на Интер, тој постигнал 64 голови на 95 настапи во сите натпреварувања и бил еден од клучните играчи за освојување на титулата во Серија А, која клубот од Милано ја чека од 2010 година.

Лукаку претходно играл за Манчестер Јунајтед. За клубот од Олд Трафорд, тој постигнал 42 гола на 96 настапи.

Поголемиот дел од својата професионална кариера ја минал во Евертон, каде поминал една сезона на позајмица, а потоа уште три сезони како играч на тој клуб. Во дресот на тимот од Гудисон одиграл 166 натпревари, на кои постигнал 87 гола.

Тој го сврте вниманието кон себе како 16-годишник, кога ги затресе противничките мрежи играјќи за првиот тим на Андерлехт, со кого ја освои титулата белгиски шампион во 2010 година и со 15 гола го носеше епитетот најдобар стрелец на првенството.

Затоа Челзи го доведе во 2011 година за 15 милиони евра, иако имал само 18 години.

Лукаку постигнал 64 голови на 98 настапи за репрезентацијата на Белгија и е веројатно најдобриот стрелец во нивната историја. Втор на листата е Еден Азар кој постигнал 32 гола, половина повеќе од новиот напаѓач на Челзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Кина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море.

Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот.

Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта.

Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Сончево и потопло, со дневна температура до 32 степени

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.

Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер