Чеферин е задоволен од резултатите по воведувањето на финансискиот фер-плеј

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, зборуваше за финансискиот фер-плеј во клубовите во Европа.

49-годишниот прв човек на европскиот фудбал за германската телевизија „АРД“ ја нагласи потребата од создавање рамнотежата помеѓу богатите и клубовите и тие со скромни финансиски можности.

- Финансискиот фер-плеј почна да дава стабилност во фудбалот. Времињата постојано се менуваат и ние мораме да се прилагодуваме на нив, да станеме посовремени и мораме да направиме нешто за рамнотежата во спортот, рече Чеферин.

Откога е воведен финансискиот фер-плеј неколку големи европски екипи беа казнети со забрана за ангажирање нови играчи на определен временски рок.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер