Чави донира милион евра во болница во Барселона

Поранешната sвезда на Барселона, Чави Ернандез, моментно тренер на катарскиот Ал Сад, донираше милион евра на клиниката во Барселона, според весникот Марка.

На тој начин Чави им се придружи на голем број поранешни и сегашни играчи на Барселона кои платиле иста сума на клиниката за да купат основна опрема за борба против коронавирусот.

„Опремата е задолжителна, затоа ги повикувам другите спортисти да донираат пари во овој судбински момент“, објави Чави.

Пред него, Лионел Меси, Пеп Гвардиола и браќата Алкантара донираа по милион евра.

притисни ентер