3Советничка група на ВМРО ДПМНЕ- Згрозени сме тоа што Левица критикуваше деца од социјални семејства да одат на летни кампови
ФудбалЧави бара 12 милиони евра годишно од Барса за нов договорПозициите на клубот и тренерот се далеку.Барселона се уште не е подготвена да ги исполни финансиските барања на Чави за нов договор. Четириесет и тригодишниот тренер на Каталонците бара плата од 12 милиони евра по оданочување, објави радио „Кадена СЕР“. Ако се земат предвид платите на Чави и на целиот негов тренерски штаб пред оданочување, сумата е 30 милиони евра. Сега позициите на тренерот и Барселона се многу далеку една од друга. Чави има договор со клубот до 30 јуни 2024 година. Минатата сезона Барса го освои шампионатот и шпанскиот Суперкуп. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛиверпул го претстави еден од најскапите играчи во историјата на фудбалот (ВИДЕО)Бредли Баркола (23) е нов играч на Ливерпул, објави англискиот клуб. Францускиот крилен напаѓач пристигна од ПСЖ за фиксна сума од 125 милиони евра, плус 20 милиони евра во можни бонуси. Основниот износ на надоместокот го направи трет најскап играч во историјата на Ливерпул, зад Александар Исак (145 милиони евра) и Флоријан Вирц (125 милиони евра). Доколку договорените бонуси се реализираат, тој би бил изедначен на врвот со шведскиот напаѓач. Тој потпиша петгодишен договор. Баркола дојде во ПСЖ пред три години од Лион со надомест од 45 милиони евра. Оттогаш, одигра 152 натпревари со учинок од 39 гола и 37 асистенции. Освои три француски и две титули во Лигата на шампионите, како и два домашни купа, како и еден Интерконтинентален куп. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра. Тој влегува на седмото место, а може да скокне и на третото. Трансферот на Баркола е еден од најскапите во историјата. Фиксната сума за надомест од 125 милиони евра го става на седмото место. Го дели со Јано Диоманде, кој неодамна се пресели од Лајпциг во Реал за истата сума. "It’s a great pride to be able to play for Liverpool. I’m very happy." 🗣️❤️ pic.twitter.com/6Dl9zYSkCt — Liverpool FC (@LFC) August 31, 2026 Доколку се исполнат условите за активирање на бонусот од 20 милиони евра, тој се искачува на третото место, од кое ќе го истисне малку поевтиниот Александар Исак. Тој беше купен и од Ливерпул минатото лето. Најскапи трансфери во историјата: 1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра 2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра 3. Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра 4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челзи за 137 милиони евра 5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра 6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра 7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра 8. Бредли Баркола од ПСЖ во Ливерпул за 125 милиони евра 9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра 10. Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евраКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре жешко време со температура до 37 степени, попладне наместа ќе врне пороен дожд Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 22 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 31 Берово, 32 Охрид, Претор, 33 Крива Паланка, 34 Битола, Прилеп, Виница, 35 Гевгелија, Демир Капија, Струмица, Тетово, 36 Кавадарци, Штип, 37 Велес, 38 Скопје Петровец, Зајчев Рид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во некои планински предели беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дуваше слаб до умерен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови се очекува стабилизација на времето. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Поддршка на петицијата на „Шанса за Центар“ – стоп за бетонизацијата и уништувањето на Водно!ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување и преиспитување на Нацрт-ДУП-от за „Барутана“ и запирање на предвидената изградба во пошумените делови на Водно.Затоа, ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за Нацрт-ДУП-от „Барутана“. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно Советникот на ДОМ во Општина Центар ќе ја поддржи иницијативата и ќе гласа за заштита на Водно од понатамошна бетонизација. Во Советот ќе се заложи за повлекување и преиспитување на планот, зачувување на шумските површини и планинарските патеки и почитување на јавниот интерес. ДОМ смета дека недозволиво е Водно да се третира како градежна парцела. Неговата шума е природен заштитник на Скопје и има клучна улога во спречувањето на ерозија, лизгање на земјиштето и поројни води. Особено загрижува фактот што се отвора простор за нова изградба на стрмен и пошумен терен, и покрај предупредувањата за еколошките и безбедносните ризици. Заштитата на шумата и природниот амбиент мора да имаат предност пред интересите за евентуална градба. Водно е зелениот штит на Скопје. Да го заштитиме, а не да го бетонизираме, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter