ChatGPT дели подароци! Ова мора да го пробате за празниците - Канал 5

ChatGPT дели подароци! Ова мора да го пробате за празниците

ЧетGPT (ChatGPT) има интересна нова функција, која лесно се активира со испраќање на само една порака.

ChatGPT дели подароци! Ова мора да го пробате за празниците

Време е на празници и сите споделуваат подароци, па и „ChatGPT“ реши да направи исто – секако, во виртуелниот свет. Новата функција работи така што ќе отворите нов чет и во него ќе испратите емотикон за подарок – 🎁

Откако ќе го направите тоа, „ChatGPT“ ќе ви отвори опција да внесете селфи од галеријата или да направите ново во тој момент.

Потоа, доволно е да почекате неколку минути и ќе добиете кратко „AI“ видео, направено со помош на програмата Sora, во кое сте во празнична атмосфера, а Дедо Мраз доаѓа и ви носи подарок.

Подарокот ќе биде нешто што „ChatGPT“ смета дека ви е потребно – понекогаш тоа е нешто што сте му го спомнувале дека го сакате, а понекогаш добивате подарок за кој мисли дека ќе го цените врз основа на прашањата што сте му ги поставувале.

Целиот процес трае помалку од 5 минути и, ако ништо друго, барем е забавен. Насловната фотографија е од мојата интеракција со „ChatGPT“. Ако и вие го пробате ова, јавете како помина!

Извор: Биз Портал

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер