3Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
ЖивотЧасовникот на судбината покажа уште 100 секунди до апокалипса на ЗемјатаЧасовникот на апокалипсата отчука 100 секунди до полноќ, симболизирајќи го најголемото ниво на опасност за човештвото од неговото вклучување во 1947 година.Хипотетичкиот часовник на Судниот ден, што мери колку нè одвојува од апокалипсата, го измислиле врвните научници. За времето на Судниот ден одлучува тим на научници, вклучувајќи 13 добитници на Нобеловата награда. Нивото на опасност е определено со анализа на податоците кои се движат од информатичка борба до опасни технологии или степенот на милитаризација на просторот и развојот на хиперсонично оружје. „Покажуваме колку е близу светот до катастрофа во секунди - во неколку часа, па дури и во минути“, рече Рејчел Бронсон, претседател на здружението на атомски научници, најавувајќи ја промената. Часовникот беше поставен на седум минути до полноќ во 1947 година, а најкритични години досега кога покажуваше две минути до полноќ беа 2018 и 2019 годинапоради неуспехот во борбата против климатските промени и нуклеарната трка, а во 1953 година за американските и руските нуклеарни тестови. Најбезбедна година беше по завршувањето на Студената војна во 1991 година, кога покажа 17 минути до полноќ. Научникот Шерон Скасони вели дека што се однесува до трката за нуклеарно вооружување, нејзините контролни механизми, кои помагале да се спречи катастрофата повеќе од половина век, се разнишани и може да исчезнат до следната година. Ова го вклучува минатогодишното укинување на договорот за нуклеарно оружје од среден опсег (ИНФ), со кој се отвори вратата за САД и Русија да ја започнат трката за развој на тогаш забранетото оружје. „Оваа година, би можеле да бидеме сведоци не само на целосен колапс на иранскиот нуклеарен договор, бидејќи Техеран се фали со напорите за збогатување ураниум “, додава Скасони, експерт за нуклеарно оружје. И покрај првичните надежи дека невообичаениот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп кон Северна Кореја ќе вроди со плод, не е постигнат вистински напредок, вели Скасони, а Пјонгјанг наместо тоа, вети дека ќе продолжи да развива стратешко оружје. Што се однесува до борбата против климатските промени, двата најголеми самита на ООН не резултираа во договор за преземање на потребните мерки за ограничување на долгорочното затоплување утврдено со Парискиот договор, што според научниците е потребно за да се спречи катастрофа. Ефектите се веќе видливи во рекордни топлотни бранови и поплави во Индија во 2019 година и пожари од Арктикот до Австралија. Кампањите за дезинформации и лажни вести предизвикани од фабрикувани видеа се моќна закана за социјалната безбедност, а растот на оружјето што се потпира на вештачката интелигенција како беспилотни летала што напаѓаат цели без човечки надзор , создава неизвесност. Русија, во меѓувреме, најави создавање на нова хиперсонична ракета, а САД тестираат сопствено оружје, што значително го ограничува времето на реакција на нападнатите земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЗавршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа. Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна. Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино. Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс. Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот. Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените. Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи. На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности. „Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ. Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера. Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банкаПремиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума. „Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара? Не може да се амнестирате од одговорноста. Ја браните банката како ваша да е, како тука да влезе Дојче банка или не знам која светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор заради перење пари во Србија. Тоа е вистината. Имате обврска да знаете за каков, за каков кредибилитет станува збор на газдата на банка којашто влегува тука на пазарот. И тоа што сега се случува е само доказ дека ние на тоа што укажувавме изминатите година дена беше вистина. Клучното прашање е зошто дозволивте, и на тоа не одговоривте влез на таква банка кај нас, за да сега граѓаните имаат таков проблем. Вие може да дефокусирате и да зборувате и за ковид кризи и за маски и за вакцини и така натаму, ама тоа го правите во последно време ексклузивно кога немате одговор на другите суштински прашања. Давор Мацура е во затвор затоа што е осомничен за перење пари и за излекување близу 400 милиони евра. Таков газда на таква банка влегла кај нас. Зошто не видовте како била казнета или намерно пропуштивте да видите како таа банка била казнета во Австрија, согласно австриските закони, европските закони. Па во Црна Гора наивни ли се што му забраниле влез на Давор Мацура во земјата? Која е цената која што ние сега сите треба да ја платиме за нестабилноста во банкарскиот сектор, за сомнежот којшто граѓаните го имаат во банкарскиот сектор? Кој знае каква банка утре ќе влезе? Можеме повторно и за Евростандард да збориме, ама не е тоа суштината. Суштината е да се фокусираме на овие важни прашања и на вашата одговорност. Која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.Тоа се суштинските прашања, а не ковидот, не вакцините и така натаму“, рече Филипче. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго МаневскиСо положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината. Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили. Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook