Центрите за мигранти во Албанија празни, полицајците добиваат 6.000 евра плата за да уживаат - Канал 5

Центрите за мигранти во Албанија празни, полицајците добиваат 6.000 евра плата за да уживаат

Од отворањето на двата центри на 11 октомври, проектот доби пофалби од европските лидери, вклучително и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Кир Стармер.

Центрите за мигранти во Албанија празни, полицајците добиваат 6.000 евра плата за да уживаат

Од отворањето на двата центри на 11 октомври, проектот доби пофалби од европските лидери, вклучително и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Кир Стармер, кои и двајцата изразија интерес да го повторат пристапот на друго место.

Кога италијанската премиерка Џорџија Мелони го претстави својот главен план за пресретнување, приведување и процесирање на баратели на азил во Албанија, тој беше претставен како главен одговор на миграциската криза во Европа. Сепак, една година и 67,5 милиони евра подоцна, шемата е заглавена во судска неизвесност без можност за процесуирање на барателите на азил, празните згради веќе се распаѓаат и италијанскиот персонал се враќа дома.

„Изгледа како град на духови“, изјави за Политико Франческа Романа Д'Антуоно од Volt Europe, која го посети притворскиот центар во Ѓадер кон крајот на ноември и учествуваше во протестите против кампот со локални активисти.

„Но, тогаш, кога влеговме, имаше многу полиција. Поентата е што тие не прават ништо по цел ден, затоа што навистина немаат што да прават“, рече таа.

Според неа, високиот полициски службеник кој ги придружувал на посетата бил незадоволен од нивното испрашување на персоналот.

„Мислам дека тие ја чувствуваат апсурдноста на сето тоа“, рече таа.

Во октомври, првите 16 мигранти од Бангладеш и Египет пристигнаа во центрите со италијански воен брод. Но, во рок од седум дена, сите 16 беа вратени во Италија, откако судиите за имиграција во судот во Рим го отфрлија планот. На крајот на октомври, дел од италијанскиот персонал вработен во Медихоспес, компанијата која раководи со работењето на центрите, почна да се враќа во Италија.

Извори од италијанската амбасада изјавија за Политико дека и покрај намалувањето на персоналот минатиот месец, сите станици остануваат целосно екипирани - заедно со полициските смени кои работат деноноќно - во случај да има ненадеен бран бегалци. Проектот предвидува прифатен центар во Медово, каде прво се носат бегалците фатени од италијанската крајбрежна стража, се обработуваат нивните лични податоци и им се нудат првични здравствени услуги. Вториот дел од операцијата, кампот во Ѓадер, се наоѓа во внатрешноста на околу 8 километри од регионалниот град Љеш, пренесува Вечерњи.

Медово служеше и како центар за притвор за авганистанските бегалци, особено откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во август 2021 година. И покрај неговата улога како привремено засолниште, многу бегалци останаа заглавени таму речиси две години, чекајќи зелено светло да се преселат во Соединетите Американски Држави. Сандер Мараси, шеф на пристаништето Медово, рече дека иако со недели нема пристигнато мигранти, „целиот италијански персонал се уште е во пристаништето и во центарот и тие управуваат со сè овде“.

Локалните жители во туристичкиот град Медово велат дека полицијата ги поминува деновите релаксирајќи се во одморалиштето со пет ѕвездички Рафаело, сончајќи се и јадејќи морска храна додека нивните полициски карабинери се поставени надвор. Албанските медиуми јавуваат дека вработените во Ѓадер, сместено во планинско село со само неколку стотини жители, се чувствуваат изолирано, се соочуваат со монотонија и сѐ почесто изразуваат незадоволство од своите колеги од Медово, за кои тврдат дека уживаат во порелаксиран начин на живот. Во написот објавен во интерното списание на италијанската затворска полиција, се наведува дека, поради недостиг на бегалци, локалните затворски службеници во Ѓадер го насочиле вниманието кон спасување и дружење со напуштените кучиња скитници од околните села.

Во април, италијанската влада одвои 65 милиони евра за изградба на двата центри и уште 2,5 милиони евра за трошоците за италијанскиот персонал во 2024 година. Севкупно, владата проценила дека ќе потроши околу 680 милиони евра во следните пет години за одржување и водење на центрите. Во меѓувреме, италијанската влада ја чека одлуката на Судот на правдата на Европската унија, кој треба да се донесе оваа пролет, за тоа дали обработката на мигрантите во трета земја е во согласност со правото на ЕУ.

„Тоа е само многу скапа чекална“, изјави за Политико европратеничката Ана Строленберг, која го посети центарот во Ѓадер со Д'Антун.

Сепак, италијанската полиција вработена во Албанија со толку низок учинок добиле значително зголемување на платата. Додека просечната плата на еден офицер во Италија е помала од 2.000 евра, стационираните во Албанија можат да заработат до 6.000 евра. Емисија на албанска телевизија тајно снимила група италијански полицајци во центарот на Медово кои признале дека поголемиот дел од времето го поминувале во сауната на хотелот бидејќи немале што друго да прават.

Строленберг тврдеше дека планот на Мелони за азилантските центри во Албанија бил нереален од самиот почеток.

„Италија враќа околу 3.000 луѓе или помалку годишно, а во Албанија сакаа да обработуваат околу 3.000 луѓе месечно“, рече таа. Зградите веќе почнуваат да се распаѓаат, додаде европратеникот. „Во болницата веќе можеше да се види вода како капе од ѕидовите“, рече таа. „И водата на подот не сакаше да исчезне. Таа додаде дека е тешко да се замисли како таа институција ќе се однесува кога ќе се насели.

Пред последниот европски самит на крајот на октомври, Мелони водеше неформален состанок на тема „миграција и иновативни решенија“ за ангажирање на други лидери на ЕУ „заинтересирани за прашањето на миграцијата“. Но, Строленберг вели дека со отворањето на центрите, Мелони само им дала лажна надеж и на европските лидери и на жителите на ЕУ.

„Другите политичари во Европа го гледаат овој договор и се надеваат дека тој ќе функционира, дека може да биде план за други работи“, рече таа, тврдејќи дека разговорите за миграцијата ќе станат „уште пополаризирани“ како резултат.

И Строленберг и Д'Антуоно тврдеа дека дури и ако проектот пропадне, тоа нема да биде политички пораз за Мелони.

„Наративот сега во Италија е дека ако проектот не се случи, тоа не е затоа што не е добра идејата, туку затоа што има комунистички судии кои уништуваат сè“, рече Д'Антуоно, нагласувајќи ги нападите на Мелони и нејзините политички сојузници насочени кон тоа како тврдат, напредно судство. „Се уште ќе изгледа дека таа (Мелони) го направи најдоброто што можеше“, рече Строленберг.

Во меѓувреме, вниманието е насочено и кон институциите како што е Судот на правдата на ЕУ, чија одлука му овозможи на судот во Рим да бара неколку бегалци испратени во Албанија од октомври да бидат вратени во Италија.

„Европскиот парламент се врти надесно. Европските влади се свртуваат надесно. Колку долго ќе трае судската власт? Не верувам дека ќе трае уште долго, бидејќи законите се развиваат и со политичките овластувања“, рече Д'Антуоно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари.

Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски.

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство.

На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци.

На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават.

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер