Централен депозитар за хартии од вредност воведува нови процедури за издавање извештаи заради КОВИД-19

​Почитувани клиенти на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје,

Ве известуваме дека согласно мерките на Владата на Република Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Македонија Депозитарот презема заострени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и намалување на ризиците за институцијата и нејзините клиенти. Институцијата воведува нови процедури за издавање на извештаи и давање на други услуги.

Мерките се состојат во следното:

Во службените простории на Депозитарот, сметано од 23.03.2020 година, нема да се примаат странки.

Се упатуваат акционерските друштва за добивање на акционерски книги или други извештаи веднаш да започнат постапка за приклучување кон порталот за генерирање на извештаи за издавачи (дистрибутивен систем). Постапката на приклучување е образложена на следниот линк

https://portal.cdhv.mk/HTML/Postapka_za_registriranje_na_izdavac.aspx?IdLanguage=1

Акционерските друштва кои од различни причини не можат да се приклучат на порталот или имаат потреба од издавање други (нестандардни) извештаи, потребно е да ја следат постапката образложена на следниот линк

http://cdhv.mk/News.aspx?lng=1&news=11229

Останатите клиенти на Депозитарот:

Изводи од сметки и Потврди за не/поседување на хартии од вредност, издавање на останати извештаи за сопственици, спроведување на налози, оставински решенија или договори за подарок, или постапување по барање за достава на било какви останати информации ЌЕ СЕ ВРШИ ЕДИНСТВЕНО ВРЗ ОСНОВА НА БАРАЊЕ И СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДОСТАВЕНА ПРЕКУ ПОШТА, на следната адреса: Бул. „Кузман Јосифовски-Питу" бр. 1, Скопје.

Во барањето потребно е да се наведе:

Идентификациони и адресни податоци за подносителот на барањето

Целта за поднесување на барањето,

Документацијата што се приложува кон Барањето,

Податоци за контакт (телефонски број или e-mail адреса)

Доказ за уплата (копија од уплатница) на соодветен надоместок, согласно

Тарифата на ЦДХВ, објавена на веб страната www.cdhv.mk во делот "Услуги>>Услуги за сопственици на ХВ>>Надоместоци" на било која од банковните сметки наведени во делот "За ЦДХВ >>Банковни сметки".

Депозитарот ќе достави соодветен одговор по пошта.

Потребната документација за издавање на било која од услугите на Депозитарот се наведени на веб страната www.cdhv.mk, во делот "Услуги >> Услуги за сопственици на ХВ".

За подетални информации Ве молиме обратете се на телефонскиот број 02/ 3 299 800 или на e-mail адресата [email protected] .

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер