Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?
1Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
КултураЦентарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ја промовираше веб-страницатаЗа програмата, проектите и инвестициите на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, граѓаните од денеска може да се информираат на неговата нова веб-страница.Директорот Горан Трајков денека на прес-конференција посочи дека новата веб-страница ги содржи настаните и активностите коишто тековно се реализираат во зградата на Центарот на култура и зградата на театарот, но исто така дава информации и за резервацијата на билети, месечните и годишните сметки на институцијата и инвестициите кои се реализирани. -Имаме како да се набави билет, имаме телефонски броеви. Во делот за нас имаме директор, вработени и документи. Во документи се завршните сметки на Центарот за култура од 2020 година. Важно е да бидеме транспарентни, отворени и отчетни и граѓаните да знаат како се трошат парите коишто ги имаме од продажба на билети и коишто ни ги доделува Министерството за култура. Во последниот дел го имаме Актантот, тоа е месечникот којшто излегува во рамки „Штипски глас“, месечен весник, рече Трајков. Информациите за активностите коишто се реализирани или за коишто ќе следува реализација тековно ќе се менуваат. Дополнително, страницата и ќе се надградува, со тоа што во иднина би постоела и можноста за купување онлајн билети, што засега е покомплесен процес. -Размислуваме како да го воведеме. Правилата се построги, ние мора да обезбедиме внатрешен правилник како тоа ќе се одвива, како сите работи ќе ги прецизираме за да можеме да воведеме онлајн купување билети. Засега одиме со стариот начин на купување билети, додаде Трајков. Посочи дека постоењето на една ваква мрежа е од особено значење, бидејќи на граѓаните им се претставува функционирањето на институцијата, а сето тоа е во насока на транспарентност и засилена отчетност. -Важно е затоа што мислиме дека мора да бидеме со отворени информации и податоци за нашата работа. Ние остваруваме култура, а тоа ја вклучува и културата во јавното информирање, така граѓаните ќе имаат целосен увид во нашата работа, истакна Трајков. Ова е прва веб-страница на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Информирањето досега беше преку социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски .Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски кој лично побарал да се провери нејзиното здравствено досие. Михаилова на клиниката се јавила еден и пол месец по сообраќајката во која е обвинета дека ја предизвикала и таму била задржана три дена. Лекувањето го извршил доктор Иван Барбов кој констатирал дека Михаилова има скршен пршлен што ѝ предизвикало проблеми со движењето. Барбов за Канал 5 појаснува дека таа немала здравствено осигурување во Македонија, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија. Тврди дека не знаел за обвинението на Михаилова како учесник во сообраќајна несреќа. Михаилова втор ден е во клиниката Пирогов во Софија на лекување. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека таа е хоспитализирана таму, но не откриваат каква дијагноза утврдиле кај неа. Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, во актуелната ситуација не гледа здравствен случај. Се сомнева дека Михаилова се решила на бегство по најавите дека ќе дојде лекарски конзилиум од Бугарија за со македонските колеги заеднички да ја констатира нејзината состојба. Михаилова побегна во Бугарија само два дена откако министерот Муцунски по средбата со бугарската колешка Петрова Чамова во Софија соопшти дека како гест на добра волја, Македонија е подготвена да дозволи тим бугарски доктори да дојдат и да се запознаат со нејзината здравствената состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара МихаиловаБугарското министерство за внатрешни работи го примила известувањето од Македонија дека ја бара Ива Михаилова, откако вчера беше распишана меѓународна потерница по неа..Како што објави бугарската национална телевизија – БНТ, дирекцијата за меѓународна оперативна соработка при бугарското МВР примило порака од Интерпол - Скопје со како што се наведува, барање за меѓународна потрага заради апсење и екстрадија на Михаилова, обвинета за кршење на сообраќајни правила.. БНТ пишува дека во моментов, немало издадена црвена потерница и дека бугарските власти не преземаат никакви мерки за да утврдат каде се наоѓа Михаилова.. Од бугарското министерство за внатрешни работи, во одговорот до медиумите, постетува дека согласно уставот, државјанин на Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ. Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој. Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста. Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00