Центар за спорт и спортски развој во Скопје - Канал 5

Центар за спорт и спортски развој во Скопје

Нов Центар за спорт и спортски развој е отворен во Скопје кој е наменет за развој на моторичките способности и превенција на телесни деформитети кај децата на возраст од 3 до 18 години.

Центар за спорт и спортски развој во Скопје

Основната програма на Центарот се состои од два до четири тренинга неделно од по 60 минути за чие времетраење на забавен начин преку игра децата се воведуваат во светот на спортот.

- Ваквиот вид на програми повеќе од 30 години се користат во Франција, Велика Британија и други држави ширум целиот свет, а во последните пет години значително се шири и на Балканот каде што се здобива со се поголема популарност и претставува вистински хит кај децата и нивните родители, изјави Марко Ристески, еден од тренерите во тенискиот клуб „Hit & Run“.

Тој нагласи дека над 600 научни студии докажуваат дека програмите од овој вид исто така влијаат и на превенцијата од појава од гојазност, агресивност и го развиваат тимскиот дух на децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема зима за богатите во Русија

И покрај годините меѓународни санкции и растечките економски проблеми, продажбата на луксузни автомобили „Ролс-Ројс“ продолжува да расте.

Нема зима за богатите во Русија

Според „Москва Тајмс“, во Русија се регистрирани 42 нови автомобили „Ролс-Ројс“ во првите три месеци од 2026 година, што е зголемување од пет проценти во споредба со истиот период минатата година.

Трендот продолжи и во текот на пролетта. До крајот на мај, богатите купувачи во Русија купија вкупно 96 нови возила од британскиот производител, или 12 проценти повеќе отколку во истиот период во 2025 година. Податоците ги објави Сергеј Челиков, коосновач и директор на аналитичката агенција „Автостат“.

Најбараниот модел беше луксузниот теренец „Ролс-Ројс Кулинан“, од кој беа испорачани 31, додека седум купувачи го избраа целосно електричниот купе „Ролс-Ројс Спектр“.

Растот на продажбата покажува дека сегментот на ултралуксузни автомобили во Русија засега не е значително засегнат од економските притисоци, и покрај ограничувањата за увоз и работење на странски производители.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромно невреме во Романија: Едно лице загина, полиција и пожарникари на улиците

Најмалку едно лице загина во силно невреме што го погоди главниот град на Романија, Букурешт, и 20 окрузи, соопштија службите за вонредни ситуации.

Огромно невреме во Романија: Едно лице загина, полиција и пожарникари на улиците

Тие рекоа дека едно лице загинало кога дрво паднало врз автомобил.

Официјалните лица изјавија дека десетици домови и возила во 60 градови и села биле оштетени во бурата, а речиси 2.000 повици за помош биле примени само во Букурешт, објави „Digi24“.

Официјалните лица изјавија дека полицијата и пожарникарите се распоредени во неколку окрузи и работат на евакуација на луѓето од поплавените домови и расчистување.

Тие рекоа дека неколку метро станици во Букурешт биле поплавени.

На бурата ѝ претходел топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во делови од Романија во понеделник и вторник.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германската влада одобри нацрт-закон за задолжително повикување на воени резервисти на обука, дел од плановите за зголемување на бројот на војници и воените капацитети на Германија за одбрана од можна руска агресија.

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус постојано предупредува дека Германија мора да биде подготвена за војна и мора да ја подобри својата способност за брзо мобилизирање на силите во случај на голем конфликт на европско тло.

Тој потврди дека германското Министерство за одбрана верува дека потпирањето на доброволно учество во армијата повеќе не е доволно со оглед на безбедносната ситуација во Европа.

Се очекува Бундестагот да го разгледа нацрт-законот по летниот одмор, а министерството очекува законот да стапи на сила на почетокот на следната година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер