Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција во набавките за ковид

Возило со шест звучници, кожен волан и металик боја. Ваква тендерска постапка на болница била вметната како Ковид набавка. 

Но, оваа не е единствата. Болници набавувале и компјутери, тонери, а и нив во јавните набавки ги вметнале како потребни за во борбата потив корона вирусот. Ова го открива Центарот за граѓански комуникации од каде констатираат високи ризици од корупција во набавките за Ковид.

„И да не е поврзано со Ковид, дали некому, функционер кој и да е, навистина му треба такво возило. Дали кога купува за себе возило дали купува толку скапо возило. Дали ние имаме просечен животен стандард за едно такво возило? Повторно отсуствуваат генерални насоки, политика, на кое ниво функционер, какво возило може да купи и вози. Потребна ни е една општа генерална скромност кога трошиме туѓи пари – пари на граѓаните.“-Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Најголем ризик од корупција се тендерските потапки каде има само еден понудувач, а тогаш институцијата плаќа повиска цена далеку од реалната. Во извештајот на Центарот за граѓански комуникации забележани се цени на производи поскапи дури за 500%.

„Брз антигенски тест е купуван од 118 до 420 денари. Зборувам во ист временски период и од прилика исти количини. Маска од 2,7 до 104 денари... Понатаму проценетата вредност на набавките која не се објавува често се совпаѓа со некои од понудените цени, што значи некој од институцијата на некој добавувач му ја дојавил за да има поголеми шанси на тендерот,Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Чести се и фирмите кои ги донирале апарати во болница, а установата неформално е врзана да набавува од истите фирми реагенси за да прават одредени испирувања.

„Тие се еден понудувач, диктираат цена и таа е најчесто многу висока.“Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Извештајот за јавните набавки за заштита од корона вирусот опфати 77 тендери во периодот меѓу јули и декември 2021 година. Анализирани се тендеи кои вкупно надминуваат сума од еден милион евра.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер