МакедонијаЦените на производите од денеска на увид на граѓаните – стапи на сила новиот правилникЦеновник имаат за секој продажен објект одделно, а доколку има измени на цените истите ќе треба да се ажурираат секој ден до 10 часот наутро. Почна да се применува т.н израелски модел – согласно насоките од Правилникот кој се донесе по измените на законот за заштита на потрошувачи, на интерент страните на дел од поголемите маркети утрово може да се забележат ценовници, во кој точно се наведени тековната продажна, единечна цена, опис на производот, неговата достапност, а доколку има промоција и цената со попуст и важењето на акцијата. Ценовник имаат за секој продажен објект одделно, а доколку има измени на цените истите ќе треба да се ажурираат секој ден до 10 часот наутро. Од проверката која ја направивме, засега еден од поголемите ланци на маркети остана глув на новите законски измени, кај одредени ланци на маркети ценовниците на веб страните стојат но се нецолосни односно во фаза на изработка, а има маркети кои воопшто немаат веб страници. Граѓаните кои денеска пазаруваа велат слушнале за новата мерка, но не ги отвориле онлајн ценовниците. Сметаат дека со ова ќе се зголеми конкуранцијата и ќе се намалат цените, но има и такви кои велат дека тоа ќе биде само губење време. „Па искрено да ви кажам не, ама еве и да ги имаат објевно прашањето е дали и во компјутерот ќе бидат истите цени, оти се случува на тезга едно во компјутер друго...ќе почнеме да отвараме да проверуваме во секој случај да...“ „Проверуваме ние ги знаеме и цените... Пазариме нон стоп а уште да проверувам ... тоа е губење време за мене....“ „Па можеби би проверувла во идина но каде и да влезеш ти требаат пари....“ „Не сме провериле. ако не интересира нешто да .... “ „Воопшто не видов, ама ќе проверувам....Убаво е да си види човек и да си знае...“ Вчера преку соопштение, од стопанската комора на трговци на големо и мало побараа од надлежните пролонгирање на рокот, а на таа тема ќе разговараат и на состанкот кој ќе го имаат идната недела со министерството за економија. Ресорниот министер Бесар Дурмиши, вели трговците имаа рок да се прилагодат, инспекторите ќе контролираат. „Трговците имаа рок од 45 дена да се прилагодат....После празниците јас ќе остварам состонако ќе ги слушанм и ќе ги кажам нашите обрзаложенија зошто овој закон стапи на сила и треба да биде функционален. ДПИ ќе биде на терен ќе гледа каде овој закон е спроведен каде не и ќе постапува според своите надлежности....“- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Покрај маркетите, бутиците, продавниците за бела техника, играчки, обврска јавно да ги објавуваат цените имаат и аптеките, од каде вчера побараа нивно целосно изземање од правилникот, а на старот на новата мерка најголем дел од аптеките немаат објавено ценовници на веб страните. Ослободени од оваа обврска се само оние трговци кои имаат до 10 вработени, а оние кои нема да го почитуваат предвидени се казни и до 10 илјади евра. Тагови: цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter