Цените на производите на трговците од денеска на увид на граѓаните - Канал 5

Цените на производите на трговците од денеска на увид на граѓаните

Почна да се применува т.н израелски модел – генерално се почитува од страна на поголемите ланци на маркети.

маркет

Согласно насоките од Правилникот кој се донесе по измените на законот за заштита на потрошувачи, на интерент страните на дел од поголемите маркети утрово може да се забележат ценовници, во кој точно се наведени тековната продажна, единечна цена, опис на производот, неговата достапност, а доколку има промоција и цената со попуст и важењето на акцијата. Ценовник имаат за секој продажен објект одделно, а доколку има измени на цените истите ќе треба да се ажурираат секој ден до 10 часот наутро. Од проверката која ја направивме, засега еден од поголемите ланци на маркети остана глув на новите законски измени, кај одредени ланци на маркети ценовниците на веб страните стојат но се нецолосни односно во фаза на изработка, а има маркети кои воопшто немаат веб страници.

Граѓаните кои денеска пазаруваа велат слушнале за новата мерка, но не ги отвориле онлајн ценовниците. Сметаат дека со ова ќе се зголеми конкуранцијата и ќе се намалат цените, но има и такви кои велат дека тоа ќе биде само губење време.

„Па искрено да ви кажам не, ама еве и да ги имаат објевно прашањето е дали и во компјутерот ќе бидат истите цени, оти се случува на тезга едно во компјутер друго...ќе почнеме да отвараме да проверуваме во секој случај да...“

„Проверуваме ние ги знаеме и цените... Пазариме нон стоп а уште да проверувам ... тоа е губење време за мене....“

„Па можеби би проверувла во идина но каде и да влезеш ти требаат пари....“

„Не сме провериле. ако не интересира нешто да .... “

„Воопшто не видов, ама ќе проверувам....Убаво е да си види човек и да си знае...“

Вчера преку соопштение, од стопанската комора на трговци на големо и мало побараа од надлежните пролонгирање на рокот, а на таа тема ќе разговараат и на состанкот кој ќе го имаат идната недела. Покрај маркетите, бутиците, продавниците за бела техника, играчки, обврска јавно да ги објавуваат цените имаат и аптеките, од каде побараа нивно целосно изземање од правилникот.

На стартот на новата мерка најголем дел од аптеките немаат објавено ценовници на веб страните, од Здружението на приватни аптеки, каде членуваат околу 120 правни субејкти вклучитлено и големите фармацевтски ланци, посочија дека речиси 90 отсто од аптеките се неподговтвени, измените сметаат дека ќе влијаат на квалитетот на услуга кон пациентите, бидејќи се соочуваат со недоволен број на фармацевти. Одоговор од надлежните за евентуална средба се чекаат, велат доколку некоја апетка се соочи со парична казна како што е предвидено во законот тоа за нив ќе значи затворање на правните субјекти, бидејќи како што прдидува законот за оние кои нема да го почитуваат предвидени се казни и до 10 илјади евра.

Ослободени од оваа обврска се само оние кои имаат до 10 вработени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер