Цеца купи луксузен апартман на Копаоник, во него лани престојувал Новак Ѓоковиќ - Канал 5

Цеца купи луксузен апартман на Копаоник, во него лани престојувал Новак Ѓоковиќ

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ купила луксузен стан на Копаоник во кој ќе може да се всели од 1 јануари.

Цеца купи луксузен апартман на Копаоник, во него лани престојувал Новак Ѓоковиќ

Имено, таа во зимските денови често е на Копаник, каде што оди на одмор, но и за работа, односно настапи.

Пејачката претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, Цеца решила да купи недвижнини во оваа зимска бајка, пишува „Телеграф“.

Цеца одамна планирала да си обезбеди стан на Копаоник за себе и за своите најблиски, а пред настапот на 1 јануари следната година, ќе ужива во топлината на својот дом на популарната туристичка локација, која неодамна ја купи.

Во истата зграда каде Цеца го купила станот, порано живеел и најдобриот тенисер - Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изненадување од „Apple“: Еве што ќе биде поевтино

Се вели дека „Apple“ планира да претстави неколку нови модели на „iPad Pro“ и нов „MacBook Pro“ во првата половина од следната година.

Изненадување од „Apple“: Еве што ќе биде поевтино

Компанијата моментално работи на четири модели на новиот таблет со побрзи чипови, објави „Bloomberg“. Исто така, развива нов „MacBook Pro“ „од почетно ниво“, кој интерно го носи кодното име „K104“, објави медиумот. Компанијата, исто така, го таргетира истиот период за лансирање на својот прв „M7“ процесор.

Овие очигледни планови за производи доаѓаат среде гласини за други претстојни изданија (вклучувајќи, можеби, преклоплив телефон), додека компанијата се подготвува за ерата по Тим Кук, а истовремено се бори со проблеми со синџирот на снабдување за кои Кук вели дека ги принудиле да ги зголемат цените.

Зголемувањата на цените се значајни во некои случаи. На пример, „MacBook Pro“ од 1TB неодамна скокна од 1.699 долари на 1.999 долари. Значи, ако компанијата работи на попристапни лаптопи и таблети, ова би било вистинско време да ги претстави.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Со тоа Македонија го освои третото место во генералниот пласман.

Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.

Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.

Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место.

На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.

Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ).

Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија.

Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока.

Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување.

Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем.

Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули.

Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер