МакедонијаЦаринска управа: Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка...Царинска управа: Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денариМобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки: - Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, производите ги скрил во креветот во кабината на камионот, при што истите сакал да ги прошверцува во државата. Против него е поднесена соодветна пријава. - Mобилен тим заплени 1.664 парчиња детска облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока наменета за фирма од Штип пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. - Во друг случај при контрола на камион натоварен со стока од испраќач од Грција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица мобилен тим заплени 915 чанти и ранци, 270 ремени и 40 детски куфери, со декларирана вредност од 850 евра, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. - На излез од државата на граничниот премин Блаце мобилен тим заплени 267 парчиња облека поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Албанија. - 432 парфеми и 81 пар женски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени во камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, а наменета за увозник од Косово. - Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во државата 93 парчиња облека со потпис на заштитени трговски марки преку граничен премин Меџитлија. Истите се пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервната гума на автомобилот со кој патувал. Стоката е откриена при контрола на автомобилот со кој патувал. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на автомобилот, во багажниот простор и во просторот за резервна гума ги пронајдоа непријавените производи. - На граничен премин Дојран се запленети 282 парчиња облека, 270 парчиња бижутерија и друга стока поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција. Во три случаи мобилни тимови и царински службеници запленија и 175 парчиња облека и обувки: - 104 пара машки обувки се пронајдени во две торби сместени во багажникот и околу резервната гума на автомобил со кој двајца косовски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Богородица. - Мобилен царински тим во соработка со мобилна единица на МВР заплени 62 пара женски обувки, кои се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин. - Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при извршена контрола на камион заплени девет јакни. Непријавените производи се откриени во креветот во кабината на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин. Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, што царински службеници и мобилни тимови ги открија при контрола на возила и патници: - 231 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички, со вкупна вредност од 367.130 денари се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадници на Граничната меѓуагенциска единица селектираа патници поради контрола на нивниот багаж, при што по извршената контрола со помош на скенер, во патните торби на еден патник биле пронајдени 203 штеки цигари и 1.500 грама тутун, а во патната торба на друг патник биле пронајдени 28 штеки цигари. - Царински службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија шверц на 33 штеки цигари коишто биле скриени во фабрички прегради на два камиони. - Мобилен тим во соработка со полициски службеници заплени 59 штеки цигари со вкупна вредност од 244 илјади денари откриени при контрола на автомобил во Битола. - Во друг случај мобилен царински тим заплени и 90 електронски цигари откриени во фабричка празнина во подвозјето на камион управуван од македонски државјанин. Случајот е откриен на граничен премин Табановце на влез во државата. Воздушна пушка GAMO/SPAIN, модел BIG CAT 1000-E, со оптички нишан и ласер, е пронајдена во багажникот на автомобил со српски регистарски таблички со кој српски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. 24.500 евра се запленети откако истите се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во автобус, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Кај патникот се пронајдени 26.500 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи се задржани. Служба за мобилни скенери во три случаи спречи криумчарење на дигитални приемници, телевизор, акумулатори, алати и разна друга стока со вкупна вредност од 1,5 милиони денари: - 2.004 дигитални приемници АТЕК АК-2025, со вкупна вредност од вредност од 1,5 милиони денари се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Откриените дигитални приемници кои не биле опфатени со царинските документи се запленети, а против сторителот е поведена соодветна постапка. - Во друг случај Службата за мобилни скенери при контрола на камион на влез во државата на граничен премин Табановце откри телевизор Samsung и една хармоника Ramses Professional. Производите се пронајдени на креветите во кабината на камионот управуван од македонски државјанин. - Пет употребувани акумулатори, комплети рачни алати, сталажа за алат, комплет робот-правосмукалка марка Dreame X40 Ultra robot се откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на камион на влез во државата на Табановце. Непријавените производи се пронајдени во кабината и во товарниот дел на камион-кипер со австриски привремени таблички, управуван од македонски државјанин. - Разна стока, меѓу која метални кутии за осигурувачи, конвертор, ладилник за камион и друга стока се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Скопје пријавена за увозно царинење во царинска испостава Деве Баир. Царински службеници од граничен премин Блаце, царинска испостава Гевгелија, и Дојран спречија криумчарење на разна стока, меѓу која гуми со бандажи, антифриз, делови за туш кабини со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. - 109 делови за туш-кабини, 300 USB мемориски стикови се пронајдени во багажникот на автомобил со турски регистарски таблички со кој турски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. Во друг случај царински службениците службеници запленија и 16 употребувани гуми со бандажи, кои се пронајдени во внатрешноста на камион. - 210 кг антифриз SHELL, 200 кг памучна ткаенина за отстранување маснотии, 80 кг најлонски вреќи, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Царинска упарава Тагови: Царинска управа парфеми цигари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветТрамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит. Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој. Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“ На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“. „Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот. Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите. На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter