Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки - Канал 5

Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки

Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки.

Царината заплени 18 килограми сребро, 1.852 парчиња облека, обувки и играчки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми од 100 мл. со вкупна вредност од 1,18 милиони денари.

- Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд. Сребрениот накит и парфемите се откриени при контрола на автомобилот со кој сторителот патувал со својот брачен другар. При извршената контрола, во просторот за резервна гума биле пронајдени 180 машки и женски парфеми, додека во фабричка празнина позади задното седиште и просторот за резервна гума, како и во десната странична фабричка празнина на багажникот биле пронајдени вкупно 26 пакетчиња со вкупно близу 18 килограми сребрен накит (нараквици, обетки, синџирчиња, приврзоци и прстени), соопштија утрово од Царинската управа.

Оттаму посочуваат дека се откриени шест дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 1852 парчиња облека, обувки со потписот на Валентино, Прада како и играчки Мерцедес.

- Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран открија три дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 789 парчиња облека најголемиот дел со потписот на Валентино и 80 парчиња патики со потписот на Прада и Келвин Клајн, се наведува во соопштението.

Од Царинската управа посочуваат дека мобилен тим запленил 770 парчиња тренерки со потписот на ОYSHO поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен на царинска испостава Скопје 4 при преглед на стока за увозно царинење.

- Мобилен тим заплени 93 сета детски коли Мерцедес, со вредност од 301,7 илјади денари поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при преглед на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Тетово, се додава во соопштението.

Во друг случај, како што посочуваат од Царината, мобилен тим запленил и 120 парчиња играчки со лого на заштитени трговски марки кои се откриени при преглед на стока за увозно царинење во Царинска испостава Скопје 3.

Царинските службеници и мобилен тим на граничен премин Дојран и на граничен премин Богородица, во три случаи спречиле шверц на близу 300 парчиња облека.

-Дваесет и седум штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени при контрола на два камиони-кипери со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Цигарите се пронајдени во кабините, во фабричка празнина зад возачкото седиште како и под конструкцијата на креветот, се вели во соопштението.

Царинарниците пронашле алуминиумски бандажи и фарови за товарно возило во товарно возило со норвешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин на граничен премин Ново Село.

-Македонски државјанин се обидел да шверцува осум делови за товарни возила кои се пронајдени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, велат од Царинската управа.

Оттаму посочуваат дека три машини и две маси за пекарска индустрија се пронајдени во товарниот дел на товарно комбе со кое македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ново Село.

-Запленети се 43 маси откако мобилен царински тим при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Блаце, утврди дека истите не биле опфатени со царински документи. Во друг случај мобилен, во царински склад, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, откри 13 парчиња употребувани кујнски апарати кои не биле пријавени со царинските декларации, се анведува во соопштението од Царинската управа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News.

„Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X.

Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран.

Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите.

„Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер.

Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен

Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со можност за долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуален напад на три други.

Расел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен

Неговиот случај предизвика бран реакции во Велика Британија, особено поради начинот на кој жртвите на сексуален напад се третираат на суд.

По пресудата, се зголемуваат повиците за промени во законските правила што ги регулираат судењата за силување.

Причина за ова беа некои од тврдењата изнесени за време на одбраната на Бренд, за кои шефот на лондонската метрополитенска полиција, Сер Марк Рол, рече дека се опасно блиску до обвинување на жртвата.

Тој предупреди на широко распространетите предрасуди за тоа како треба да се однесува лице кое преживеало сексуален напад, нагласувајќи дека не постои универзален одговор на такво искуство.

- Некои луѓе ќе се борат, некои ќе се замрзнат од страв. Некои веднаш ќе кажат некому што се случило, додека други ќе молчат со години. Нема еден начин да се одговори, рече Рол.

Тој ја поддржа иницијативата на комесарката за права на жртвите, Клер Ваксман, која се залага судиите да имаат законска обврска да ги информираат поротниците за митовите и заблудите за силувањето и однесувањето на жртвите.

Според нејзиниот предлог, ваквите предупредувања треба да бидат составен дел од секое судење за силување, а иницијативата би можела да биде вклучена во законот за судови и трибунали.

Роле, исто така, очекува дека по пресудата на актерот, повеќе жени би можеле да бидат охрабрени да се јават доколку преживеале сексуално насилство.

Расел Бренд е во озлогласен затвор

Додека чека понатамошен развој на судскиот случај, Расел Бренд е во затворот Вандсворт, во југозападен Лондон, кој е познат по своите многу тешки услови.

Поранешниот тенисер Борис Бекер претходно зборуваше за овој затвор, откако отслужи казна таму откако беше осуден за прикривање средства во вредност од околу 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање долгови по прогласувањето банкрот.

Потсетете се дека Бекер беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година, а подоцна опиша колку тешко му било времето зад решетки. Тој рече дека бил опкружен со осуденици за најтешки кривични дела, вклучително и убијци, и дека еден затвореник дури му се заканил со смрт.

- Вандсворт е навистина голем, многу валкан и исклучително опасен затвор. Има убијци, педофили, дилери на дрога, среќавате секакви луѓе. Сè се сведува на преживување. Кога ќе излезете од ќелијата, мора да се грижите за себе, бидејќи чуварите нема да го сторат тоа наместо вас - претходно рече Бекер.

Поранешниот шампион на Вимблдон призна дека на почетокот се обидел да избегне контакт со очите со другите затвореници и да се држи настрана за да избегне проблеми.

Жена во скандалот проговори на Би-Би-Си

По пресудата на Бренд, се огласи и Џорџина Бејли, жената во центарот на скандалот Саксгејт во 2008 година.

Во тоа време, Расел Бренд и водителот Џонатан Рос оставаа несоодветни и навредливи пораки на телефонската секретарка на нејзиниот дедо, актерот Ендру Сакс, познат по улогата во серијата „Фолти Тауерс“.

Нивните пораки предизвикаа огромен јавен негод, што го натера Бренд да го напушти Би-Би-Си Радио 2, додека Рос беше суспендиран три месеци. Скандалот, исто така, доведе до промени во начинот на кој британскиот јавен сервис ја контролираше содржината на своите програми.

Џорџина сега изјави дека верува оти правдата е задоволена по пресудата на Бренд.

- Иако никогаш не ме силувал ниту нападнал, како што секогаш сум велела, не знаев што се случувало зад затворени врати меѓу него и жените што го обвинувале. Нивните сведоштва беа убедливи. Тој беше прогласен за виновен и сега сакам да ја исправи неправдата што ја направил - рече таа.

Расел Бренд е татко на три деца, а за време на судењето, кое траеше речиси четири недели, поротата размислуваше околу осум часа пред да донесе одлука за неговата вина.

Според британските медиуми, кратко пред да биде објавена пресудата, Бренд ѝ се обратил на својата сопруга Лаура Галагер со зборовите: „Лаура, те сакам“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција.

На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен.

Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби.

„Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа.

„Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа.

Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична.

Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел.

Ранетиот полицаец критично повреден, претрпел три прострелни рани

Меѓу ранетите има двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба откако претрпел три прострелни рани.

Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани.

Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер