МакедонијаЦаневска Арсовска: Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во СоветотНова седница и нов изум на владејачкото мнозинство во Град Скопје. Како да се уништи демократијата, како да се уништи дебатата овде во Советот на Град Скопје.Имено, сами одлучија, без опозицијата која жестоко се спротивстави на ова, но и спротивно на ставот на еден советник од владејачкото мнозинство, кој посочи дека ова не е добро решение. Порано поставувавме прашања, а сега градоначалникот држи монолог, одговара на прашања, а ние немаме право и можност да реплицираме и да укажеме за што всушност станува збор. И новинарите кои се овде се зачудени од овој нов изум на мнозинството во Град Скопје. Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за кого имаше многу забелешки во работењето. Не сакаше да одговори ниту за непотизмот во Пожарникарската бригада. Потоа не сакаше да одговори за состојбите во Лајка. Зошто ретерираше од ставот за дивиот пешачки премин во Чаир? Исто така, не одговори конкретно ниту за понудената рака од СДСМ да му дадеме комплетна документација за да може Градот да конкурира за набавка на автобуси. Најверојатно не сака да одговори, бидејќи тука нема да може да има простор за трошење и злоупотреба на пари. Тоа беше и деловничко кршење во работата на Советот. И уште една работа – седницата повторно започнува со кршење на Деловникот. Наместо законските седум дена, материјалите за значајни точки, како што е ребалансот на Буџетот, ги добивме со задоцнување. Орце Георгиевски милува да каже дека тој е избран и дека тој одговара за работата на Советот. Да го потсетиме дека и ние сме избрани од граѓаните и одговараме пред граѓаните. Одговорноста не е само негова, туку и наша. Ние и понатаму ќе се бориме за интересите на граѓаните. Прес конференција на Советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска - координаторкаТагови: Цаневска Арсовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностСончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 19. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook