3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
МакедонијаBusiness Leader 2026 ги обедини лидерите на македонската економија: околу 600 гости во Македонската филхармонијаТретото издание на Business Leader на едно место обедини околу 600 претставници на македонската бизнис-заедница, институциите и дипломатскиот кор. На централната церемонија се обратија претседателот на Владата Христијан Мицкоски, генералниот извршен директор на Халкбанк Фатих Шахбаз и основачот на Business Leader Огнен Огненоски, а вечерта кулминираше со доделувањето на Business Leader признанијата за 2026 година. Во Македонската филхармонија синоќа се одржа третото издание на Business Leader, кое годинава собра околу 600 гости – сопственици и директори на компании, претприемачи, претставници на институциите, дипломатскиот кор и бизнис-заедницата. Компаниите претставени во салата заедно создаваат повеќе од две милијарди евра приходи и вработуваат повеќе од 50.000 луѓе, обединувајќи на едно место значаен дел од македонската економија. Business Leader е создаден со цел да ги препознае и афирмира македонските компании зад кои стојат мерливи деловни резултати – раст, профитабилност, извоз, вработување и финансиска стабилност. Зад анализите и изборот на компаниите стои Бизнис Мрежа, организатор и аналитички партнер на Business Leader. На централната церемонија се обратија основачот на Business Leader, Огнен Огненоски, генералниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, д-р Фатих Шахбаз, како и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. Во своето обраќање Огненоски истакна дека идејата зад Business Leader од самиот почеток била „успехот во Македонија да престане да биде тивок“ - да им се даде видливост на компаниите што создаваат, на луѓето што преземаат ризик и на резултатите што заслужуваат да бидат препознаени. „Македонија можеби е мала на светската карта. Но големината на една земја не се мери само во квадратни километри. Се мери и според она што нејзините луѓе се способни да го создадат. А вечерва, кога гледам во оваа сала, гледам доказ дека Македонија има свои високи врвови“, порача Огненоски. Посебна благодарност беше упатена до Халкбанк, која трета година по ред е генерален партнер на Business Leader. Континуитетот на партнерството претставува доверба во идејата Business Leader да прерасне во платформа која го препознава, поврзува и афирмира успешниот македонски бизнис. Од макроекономијата до AI и бизнисот во 2030 На свечената церемонија ѝ претходеше конференцискиот дел на Business Leader 2026, посветен на економијата, технологијата, податоците, вештачката интелигенција и предизвиците со кои ќе се соочуваат компаниите во следните години. Програмата вклучи макроекономска анализа и три панел-дискусии со претставници на бизнис-заедницата, институциите, технолошкиот сектор и академската заедница. Една од централните дискусии се одвиваше под наслов „Бизнисот во 2030: Податоци, AI и компании без слепи точки“, отворајќи ги прашањата како податоците и вештачката интелигенција ќе го менуваат начинот на кој компаниите носат одлуки и како македонскиот бизнис треба да се подготви за следната фаза на дигиталната трансформација. Резултатите на големата сцена Централниот дел од вечерта беше посветен на Business Leader признанијата, чиј избор се темели на реални деловни резултати и анализа на податоците за македонските компании. Годинава признанија добија компании од индустријата, трговијата, фармацијата, технологијата, телекомуникациите, финансискиот сектор, логистиката, здравството и други значајни сегменти на македонската економија. Посебното признание „Стартап на годината 2026“ го доби FACTUM. Компанијата за само две години се разви од околу 7.000 евра годишен приход до бизнис кој се движи кон 400.000 евра годишен повторлив приход и има повеќе од 500 активни корисници. Сава пензиско друштво – Premium Business Leader 2026 Кулминацијата на вечерта беше доделувањето на највисокото признание - Premium Business Leader 2026. Од анализата на Бизнис Мрежа на македонските компании, Сава пензиско друштво АД Скопје беше издвоено за достигнувањето - три последователни години со највисока бонитетна оцена во конкуренција меѓу македонските компании. Највисокото деловно признание симболично го додели проф. д-р Златко Јаќовски - лекар, професор и алпинист кој во 2023 година се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Признанието во име на Сава пензиско друштво го прими претседателката на Управниот одбор, Снежана Станковиќ. Добитници на Business Leader признанијата за 2026 година Меѓу компаниите и брендовите што годинава добија признанија се: Signori, FACTUM, Davis Fabrics, МТЕЛ, Милкуз, ДМЦ Балканс, Завар Компани, Лав-Комерц, Термостил Даниел, Синцеритас, ММС Комуникации, АТУ Македонија, Хелиоцентрум, Sopro, Starcon Shipping, Liberty Скопје, Навико Шипинг, Ingram Micro Македонија, НЈСК Холдинг, Експанда, Интер-Констракшн, Отпад, Адвокат Александар Михајлоски, Condevo MK, Пуцко Петрол, SCM Retail / Skopje City Mall, DM Drogerie Markt, Ernst & Young – Услуги, КаСис, Алма-М, Зегин, Реплек, Аџибадем Систина, Wabtec МЗТ, КБ Прво пензиско друштво и Макстил, додека Сава пензиско друштво го понесе главното признание Premium Business Leader 2026. Вечер во знакот на македонските „врвови“ Целата церемонија годинава беше изградена околу концептот на планината и врвот како симбол на деловниот успех – пат во кој нема кратенки и во кој резултатот се создава чекор по чекор. Програмата ја водеше Игор Џамбазов, а музичкиот дел го предводеше Џијан Емин со оркестар, со повеќе музички изведби интегрирани во самата церемонија. На крајот на церемонијата, сите добитници на Business Leader 2026 застанаа заедно на сцената – компании од различни индустрии, генерации и големини, обединети преку резултатите што ги создаваат. Пораката со која беше заокружено третото издание на Business Leader беше дека секој достигнат врв е почеток на следниот предизвик. Business Leader продолжува со својата мисија – успешните македонски компании и луѓето зад нив да ги стави таму каде што заслужуваат да бидат: на големата сцена. За Business Leader Business Leader е платформа за препознавање, афирмација и поврзување на успешните македонски компании и деловни лидери. Зад анализите и изборот на компаниите стои Бизнис Мрежа, која преку деловни и финансиски податоци ги анализира резултатите на македонските компании. Генерален партнер на Business Leader 2026 е Халкбанк АД Скопје. Official Event & Marketing Partner е MS Creative Studio, организациски партнер Pari.com.mk, Mobility Partner Delfino Mobility Group, а Official Hospitality Partner Alikas. Златни партнери се БиМилк и Аџибадем Систина, додека меѓу останатите партнери на настанот се Макстил, Зегин, MyTime, Signori, KARA5, Delight, Сава Осигурување, Chesterfield, Тиквеш, Гемак, Пелистерка, Startup Club Skopje, Social Hair, Baking Bread и Elena Luka. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter